Водопад што изгледа како вулканска лава – редок волшебен феномен во национален парк во САД (фото)
Секоја година во февруари, највисокиот водопад во Националниот парк Јосемити „се претвора“ во лава поради сончевите зраци на зајдисонце, а глетката е ништо помалку од восхитувачка.
Највисокиот водопад во Националниот парк Јосемити во САД е висок дури 739 метри, но ова не е единствениот воодушевувачки факт за него.
Секоја година, од средината до крајот на февруари, водопадот изгледа како да е направен од оган или лава. На зајдисонце, сончевите зраци го осветлуваат водопадот под таков агол, што водата добива портокалово-жолта нијанса.
Бидејќи и капките вода кои прскаат од водопадот се осветлени од сонцето, навистина изгледа како да гледате во оган или лава.
Овој феномен е познат како „огнен водопад“ а за да го видите потребни се и добри временски услови. Покрај тоа што небото треба да биде чисто, треба да е и доволно топло за водата од водопадот да биде одмрзната.
Фотографи се подготвуваат да го фотографираат огнениот водопад
Годинава временските услови биле совршени, па Инстаграм е преплавен со фотографии од волшебниот феномен.
Дел од нив во продолжение:
Спирова С. | Црнобело