Маж во Лондон стана хит откако објави билборди со натпис: „Спасете ме од договорен брак“
Тој вели дека нема ништо против договорените бракови, но се надева дека со помош на билбордите ќе успее сам да ја најде „вистинската“ жена за него. Погледнете каква жена бара Малик.
На повеќе места низ Лондон и Бирмингем осамнаа виолетови билборди на кои позира 29-годишниот Мухамед Малик, а до него со крупни букви стои натписот: „Спасете ме од договорен брак“.
Ова, како што пренесуваат странските медиуми, е последен обид на Мухамед сам да ја најде сопствената сопруга пред да треба да прифати договорен брак, а билбордите треба да останат на улиците во англиските градови до 14-ти јануари годинава.
Малик работи како банкарски консултант и вели дека нема ништо против договорените бракови но сака да се обиде и сам да си најде сопруга, па затоа се обидел на овој начин да ја најде „вистинската“.
Погледнете уште неколку фотографии од неговите билборди:
Б. С. Б. | Црнобело