Твитерџиите збунети од „рачно изработени“ фармерки што се продаваат за 120 долари – со блендер ли се правени?
На Твитер профилот Depop drama вообичаено се објавуваат фотографии од кои луѓето останале без зборови, а свое место деновиве најде и објава за продажба на рачно изработени фармерки.
За многумина е шик да се носат скинати фармерки, но ова парче „облека“ што се нашло на апликација за користена облека, ги остави сите без зборови.
Една корисничка на Твитер ги објави фотографиите од најнеобичните фармерки што се на продажба. Како што може да се види, до нив пишува дека овие „рачно изработени“ фармерки се продаваат за неверојатни 120 долари.
Твитерџиите почнаа да се прашуваат како биле изработени фармерките, можеби со блендер или со косилка за трева? Што мислите вие?
Б. С. Б. | Црнобело