Емотивна фото приказна: „Не кажувај дека татко ти е чистач, ќе ти се смеат“

За сите оние кои не знаат да ја ценат родителската љубов и се срамат од нивната професија – кратка поучна приказна од една ќерка која е горда на својот татко.

emotivna-foto-prikazna-ne-kazhuvaj-deka-tatko-ti-e-chistach-kje-ti-se-smeat-01.jpg

Сѐ додека човек работи чесно, не постои причина за срам, но живееме во чуден свет во кој понекогаш чесните работници се потценувани.

Родителите се подготвени на сѐ само за нивните деца да бидат среќни, а токму таква е оваа приказна за татко кој не сака да ја посрамоти својата ќерка, иако нема ништо лошо во тоа што го прави.

Доказ за силна љубов помеѓу татко и ќерка е оваа фотографија која вирално се шири на социјалните мрежи.

Фотката вирално се прошири откако беше објавена на Reddit со текст:

Тој ѝ кажал на ќерка му: „Не кажувај на никој дека татко ти е чистач, ќе ти се смеат“. Таа ја објавила оваа фотографија на социјалните мрежи и напишала: „Мојот татко е чистач. Тој е мојата гордост. Те сакам тато“.

He told his daughter: "Don't tell anyone that your father is a janitor, they will laugh at you" she posted this photo on social networks and wrote: "My dad is a janitor. He is my pride. I love you, dad." from r/MadeMeSmile

 М. М. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg