Ќерката на Пол Вокер порасна во убавица – ги дружи децата на Вин Дизел
Ќерката на Пол Вокер, 21-годишната Медоу, вчера се дружела со нејзиното „второ семејство“ – децата на Вин Дизел.
Додека татко ѝ беше жив, тој и Вин беа многу добри пријатели, а сега се дружат и нивните деца. Прекрасната Медоу објави селфи од дружбата со Ханија, Винсент и Полин, а во описот напишала:
„Семејство, засекогаш“.
Малото девојче пораснало во вистинска убавица, а сигурно веднаш ќе забележите дека ги наследила очите на татко ѝ.
Очигледно, Медоу е во одлични односи со семејството на Вин, а актерот сигурно ја гледа младата девојка како своја ќерка. За нејзиниот 21-ви роденден тој сподели прекрасна честитка:
„Можам да кажам дека сум горд на личноста што стануваш… но вистината е дека отсекогаш сум бил горд на тебе. Среќен роденден Медоу! Знам дека ти е 21-ви и дека сакаше да одиш во Јапонија, но семејството те чека со торта кога ќе си дојдеш, затоа побрзај. Те сакам“.
На крај, актерот се потпишал како „чичко Вин“.
Спирова С. | Црнобело