Фото на денот: Куче во карантин тажно ги гледа децата што си играат надвор
Тажниот став на 3-годишното кученце во „заробеништво“ го направи вирален хит.
Дури и животните се збунети периодов кога животот комплетно ни се промени. Тие едноставно не сфаќаат зошто животот е ставен на пауза.
3-годишното куче Big Poppa од Атланта е во карантин во својот дом, а со фотографијата на која од тераса тажно ги гледа децата што си играат долу стана вирален хит.
Неговата 38-годишна сопственичка Рашида Елис напиша: „Тој е толку тажен денес, мислам дека му недостига да си игра со децата од зградата. Сега само ги гледа од тераса.“
Рашида заедно со нејзиниот миленик строго се држи до препораките на властите во нејзината земја и гледа излегувањето од домот да им биде сведено на минимум.
Како изгледал кога бил мал:
С. С. | Црнобело