Фото на денот: Кога карантинот ќе „удри“ во глава – Спајдермен трча низ Скопје

Изгледа и Спајдермен го „фатија бубачките“ додека седел дома, па излегол да се истрча низ улиците на Скопје...

foto-na-denot-koga-karantinot-kje-udri-vo-glava-spajdermen-niz-ulicite-na-skopje-01.jpg

Додека некои луѓе деновите ги поминуваат во домашна изолација, а кога мора да излезат користат заштитни маски, има и такви кои одлучуваат да облечат костим од Спајдермен и да го „освојуваат“ Скопје.

Фотографиите од мистериозна личност која се крие зад маската на Спајдермен ни ги испрати Вања Головски, а направени се денес (03.04.2020) во Скопје.

Дали некој го „утнал“ 1-ви април или сепак сака само да покаже дневна доза позитива – останува мистерија. А можеби, тргнал и во спасувачка мисија?!

Карантинот и ситуацијава влијае различно на секого, а на скопскиот Спајдермен очигледно му дошло преку глава од седење дома... 

Како и да е - интересна и необична глетка во Скопје:

foto-na-denot-koga-karantinot-kje-udri-vo-glava-spajdermen-niz-ulicite-na-skopje-0(1).jpg

foto-na-denot-koga-karantinot-kje-udri-vo-glava-spajdermen-niz-ulicite-na-skopje-02(1).jpg

М. М. | Црнобело / Фото: Вања Головски

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg