Кога Македонците ќе ја покажат добрата страна: Девојка сошила бесплатни маски за соседите
Во целата оваа тешка ситуација, светла страна се многуте добри луѓе кои ја покажуваат хуманата страна, а токму таков пример е оваа приказна.
Твитерџиката Крапчица Броз објави твит за нејзиното добро дело кое го направила за своите соседи, а се изненадила од добриот фидбек.
Таа сошила маски за соседите во зградата, но не верувала дека нејзината иницијатива ќе биде добро прифатена. Сепак, на крајот се исплатело.
Решив да шијам маски за луѓево од зграда ама дека увек се потценувам себеси едвај и со сет срам ги ставив во ќесенце и ги закачив на влезот со мисла дека само ќе се изглупирам и ќесето ќе остане полно дека маските нема да им се свиѓаат.
— Крапчица Броз (@dackua) March 29, 2020
Surprise,сите беа земени!И ме чекаше ова. pic.twitter.com/2TCZSrFWe8
М. М. | Црнобело