Фото на денот: Патки уживаат во празните улици на Скопје – поминуваат на пешачки премин

Додека ние сме во домашна изолација, а за време на полицискиот час улиците се целосно празни, животните го наоѓаат својот пат и слобода – глетка која изнуди насмевка на сечие лице.

foto-na-denot-patki-uzhivaat-vo-praznite-ulici-na-skopje-pominuvaat-na-peshachki-premin-01.jpg

За време на карантинот во Италија, улиците и каналите беа исполнети со животни кои претходно сме немале шанса да ги видиме таму ниту на други места низ светот, а изгледа сега тоа ќе се случува и кај нас.

Фоторепортерката Арбнора Мемети објави фотка од две патки како поминуваат на пешачки премин во Скопје и станаа вирален хит:

foto-na-denot-patki-uzhivaat-vo-praznite-ulici-na-skopje-pominuvaat-na-peshachki-premin-02.jpgФото: Фејсбук

foto-na-denot-patki-uzhivaat-vo-praznite-ulici-na-skopje-pominuvaat-na-peshachki-premin-03.jpgФото: Фејсбук

Инаку, неодамна имавме интервју со Арбнора, која ни опиша како е да се биде фоторепортер во секакви услови и да се биде на местото на случувањата кога нема никој друг или кога условите се непожелни. 

Прочитајте - Арбнора Мемети: „Да си фоторепортер значи да си око на невидливото и глас на нечуените“

М. М. | Црнобело

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg