„Таа е родено меме“ - „Лутиот“ поглед на новородено девојче го освои светот (фото)
Малата Изабела Пареира уште во првите моменти од нејзиниот живот изгледа сфатила дека светот е суров и понекогаш треба да покажеш „луто лице“.
Изабела е бебето од фотографијата која го освои светот. Уште во првите моменти по раѓањето, таа му упатила навистина „лут“ поглед на лекарот. Дури и нејзината мајка изјавила дека Изабела е родено меме.
Бразилецот Родриго Кунстман е фотографот што го овековечил моментот и кој изјави: „Се сметам за благословена личност. Се чувствувам како да сум добил на лотарија.“
Тој вели дека повеќето бебиња плачат откако ќе се родат, но Изабела е посебен случај.
Мајката на Изабела вели дека девојчето уште ги „вежба“ изразите на лицето и кога била гладна или требало да ѝ се промени пелената, таа правела слична „лута“ гримаса како на фотографијата.
Ова девојче веќе почнало да се однесува како возрасен.