Криси Тајген обвинета за лош Photoshop на задникот – која е нејзината реакција?
Криси е честопати мета на критичари, но за среќа таа е целосно „изладена“ и секогаш го има вистинскиот одговор на секој коментар.
Криси Тајген е од оние славни жени кои не се обидуваат да живеат лажен, совршен живот, секогаш се покажува во реално светло и секогаш знае да им ја „затвори“ устата на оние кои се обидуваат непотребно да ја критикуваат.
Последно, таа објави фотка од неа и ќеркичката во базен, на која нејзиниот задник изгледа пресечено, па инстаграмџиите се осудија да ја обвинат за лош Photoshop, иако станува збор за „чиста физика“ и прекршување и одбивање на светлината.
Нејзиниот одговор е многу едноставен и јасен: „Зошто би сакала да го фотошопирам задникот да ми изгледа понерамен и помал од тоа што веќе е?“
М. М. | Црнобело