Нова фотка од принцот Вилијам со трите дечиња – фотограф е Кејт
Кејт Мидлтон честопати „лови“ неодоливи секојдневни моменти од семејството на камера, а со најновата фотка од Вилијам и дечињата го честитаа Божиќ.
На официјалниот Твитер профил на Кејт и Вилијам беше објавена црно-бела фотка од војводата на Кембриџ со трите дечиња.
Кејт успеала да улови момент каде Вилијам го бакнува најмалото синче, Луи, а принцезата Шарлот и принцот Џорџ неодоливо се смешкаат во камера.
„Среќен Божиќ на сите наши следбеници! Оваа фотографија од војводата од Кембриџ, принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи, е направена од војвотката на Кембриџ, во Норфолк, во текот на годинава.“
Официјалната божиќна честитка од семејството изгледа вака:
М. М. | Црнобело