„Ти си вистинскиот победник“ - Тамара Тодевска доби реплика на евровизискиот трофеј
Тамара Тодевска на Инстаграм се пофали дека добила потпишана реплика на евровизискиот трофеј од страна на дизајнерот на оваа статуетка, Кјел Енгман.
„Твојата поддршка ми значи многу“, му порача таа, а под фотографијата следеа низа коментари од фанови од целиот свет кои тврдат дека токму Тамара со „Proud“ е вистинскиот победник на Евровизија.
Инаку, нашата претставничка во Тел Авив се пласираше на првото место според гласовите од жири.
С. С. | Црнобело / Фото: Чедо Поповски
-->
-->