Што знаеме за Душан Влаховиќ, српскиот фудбалер што се најде среде секс скандал во Катар?
Додека мајка му била бремена со него, побегнале од војната во Косово и оставиле сѐ зад себе. Денес тој заработува милиони, а го поврзуваа со неколку италијански и српски убавици – Што знаеме за фудбалерот на Србија Душан Влаховиќ, кој се најде среде секс скандал.
Главен протагонист во секс скандалот поврзан со фудбалерите на српската репрезентација е Душан Влаховиќ (22), фудбалерот на италијанскиот клуб „Јувентус“, кого го нарекуваат и српски Ибрахимовиќ.
Откако на почетокот на вториот настап на српската репрезентација на Светското Првенство во Катар, Влаховиќ остана на клупата за резервни играчи, многумина коментираа за тоа која била причината селекторот да донесе ваква одлука.
Странските медиуми веднаш почнаа да шпекулираат и да пишуваат за наводен секс скандал што довел до раздор во српската репрезентација. Наводно Влаховиќ имал афера со сопругата на голманот Предраг Рајковиќ, па заради тоа тие двајца имале нарушени односи.
https://www.instagram.com/p/CZ-BsQEA-vY/?utm_source=ig_web_copy_link
Влаховиќ ги коментираше пишувањата и рече дека тоа се измислици, па се закани правдата да ја бара и по судски пат, но не стивнуваат шпекулациите за наводната врска со сопругата на неговиот колега.
Дополнително, ваквите пишувања можеби се подгреани и од фактот што српскиот фудбалер сака својот приватен живот да го чува во тајност, а многу ретко говори за сопствениот љубовен живот.
Што знаеме за Душан Влаховиќ, фудбалерот кој се најде среде скандал за време на СП во Катар?
Душан Влаховиќ е роден во 2000-та година во Белград, а се знае дека имал мошне тешко детство. Во периодот додека мајка му била бремена со него, неговите родители живееле на Косово, каде морале да бегаат заради војната и да напуштат сѐ што изградиле.
Оттаму, прво се преселиле во Црна Гора, за на крај да одлучат да живеат во Белград каде бил роден и Душан. Тој има и помала сестра Ангела, а е мошне близок со членовите на неговото семејство.
„Мошне сум врзан за родителите и за помалата сестра, која можеби најмногу ја сакам. Вистина е дека немав обично детство, пропуштив некои екскурзии, излегувања со друштвото и слични работи, но не жалам за ништо“ – рече тој во една прилика.