„Човек мора да биде сам за да ги запознае останатите околу себе“ - Цитати кои нѐ учат да ја цениме самотијата
Социјалната стигма околу самотијата е сѐ подлабока и пораспространета, а во исто време проговорувањето на оваа тема сѐ почесто се избегнува.
Во голема мера, самиот поим е несоодветно карактеризиран како неуспех да се најдат пријатели, социјално растројство, симптом на личен „проблем“. Всушност, самотијата и осаменоста имаат две сосема различни значења.
И да, да се биде сам воопшто не е нешто кое треба да биде негативно обликувано. Напротив, самотијата претставува хидрација на умот.
Исфрлете ја идејата дека одлуката да сте сами е еднаква на добропознатата предрасуда која вели дека „нешто што не е во ред со вас“.
Самотијата не е карактерна мана, нејзината функција се заснова на длабоката човечка потреба – да се осознае себеси.
Постојат навистина многу цитати кои преку нивната зборовна моќ, умешно ни го прикажуваат значењето на самотијата.
Во продолжение ви издвојуваме неколку од нив:
„Сам, бидејќи таква е победата“ - Славко Михалиќ
„Човек мора да биде сам за да ги запознае останатите околу себе“ – Иван Цанкар
„Секогаш ќе постои самотија за оние кои се достојни за истата“ - Жул Барбе д'Орвили
„Тој е доста недружељубив“, во превод би му дошло: „Тој е човек со голема способност“ - Артур Шопенхауер
„Главен наставен предмет за младите треба да биде изджување на самотијата: таа е извор на среќа и мир на умот“ - Артур Шопенхауер
„Најчесто, самотијата е најдоброто друштво“ – Џон Милтон
„Секој самостојно ужива во наградата за своите добри дела, и секој самостојно страда како последица за лошите“ - Манусмчити
„Доколку немаме време да бидеме сами со себеси, немаме време ни да бидеме среќни“ - Николај Чернишевски
„Човек со полн дух и во целосна самотија извонредно се забавува со неговите мисли“ - Артур Шопенхауер
„Никогаш не пронајдов пријател подруштвен од самотијата“ - Хенри Дејвид Торо
„Живеам во форма на осаменост која е болна во младоста, но пријатна во зрелоста“ - Алберт Ајнштајн
„Разговорот го збогатува разбирањето, но самотијата е школа за генијалци“ - Ралф Валдо Емерсон
„Самотијата ни покажува кои треба да бидеме, друштвото ни покажува кои навистина сме“ - Р. Сесил
„Самотијата е позитивна, самотијата е здрава. Задоволство е да се биде свој“ - Ошо
„Во самотијата, умот добива сила и учи како да се потпре на себеси“ – Л. Стерн
„Осмелувањето на живот во самотија е ретка храброст, бидејќи повеќето луѓе попрво би одбрале да се сретнат со најлошиот непријател на бојното поле, отколку со сопственото срце во себе“ - Чарлс Калеб Колтон
„Самотијата е патот по кој судбината сака да го доведе човекот до себе“ - Херман Хесе
„Човек којшто е во друштво на благородни мисли, никогаш не е сам“ – Џон Флечер
Мила М. | Црнобело