„Дами, престанете да доаѓате на забар со кармин на вашите усни“ – што ги нервира луѓето според нивната професија?!

Низ светот постојат навистина голем број на професии и секоја од нив се одликува со различни специфичности.

Dami-prestanete-da-doagjate-na-zabar-so-karmin-na-vashite-usni-shto-gi-nervira-lugjeto-spored-nivnata-profesija 01 630x330.jpg

Без разлика на тоа колку си ја сакаме нашата работа, мора да признаеме дека постојат моменти кога чувствуваме дека нашата толеранција полека нѐ издава. 

И тоа е сосема нормално, со оглед на тоа дека работата со луѓе не е воопшто лесна - бидејќи секој од нас е различен.

Колку е „тешко“ човек да се справи со секого зависи пред сѐ од професионалноста којашто сме ја стекнале со самото работно искуство, па понекогаш и од она „на која нога сме се разбудиле“ тоа утро.

Сте размислиле ли некогаш што најмногу го нервира продавачот во локалната продавница, или пак таксистот со повеќе од 20 годишно искуство?!

Во продолжение издвојуваме изјави од форуми како Редит, од луѓе со најразлични професии, односно кои се оние „мали“ нешта кои умеат да ги извадат од кожа:

Работник во супермаркет

„Навистина ме фрустрира моментот кога во рафтовите за бели печива ќе пронајдам јогурт или друг пијалак којшто всушност е земен од фрижидерите и е оставен таму.“

Спасител на вода

„Веќе 5 години работам како спасител на вода и мразам кога луѓето мислат дека е смешно да глумиш дека се давиш. Не тоа воопшто не е интересно.“

Стоматолог

„Дами, ве молиме престанете да доаѓате на забар со кармин на вашите усни. Тој се нанесува на нашите ракавици и ги прави лизгави.“

Dami-prestanete-da-doagjate-na-zabar-so-karmin-na-vashite-usni-shto-gi-nervira-lugjeto-spored-nivnata-profesija 02 630x400.jpg

Работник во Луна парк

„Не разбирам зошто гостите се лутат што не можам да им кажам кога повторно ќе проработи лулашката. Не сум јас оној што ја поправа, ниту пак можам да предвидам кога ќе престанат грмотевиците.“

Банкар

„Зошто по ѓаволите не се почитува редоследот според бројчето коешто соодвестува. Не, нема да ве услужиме преку ред!“

Вработен во стационар за животни

„Ако не сте подготвени да го посвоите миленичето тој ден, слободно разгледајте наоколу, но немојте да ги терате вработените со часови да трчаат околу вас, за на крајот да им кажете: „Видете, не можам да го посвојам во моментов бидејќи...“ Навистина, не е во ред.“

Dami-prestanete-da-doagjate-na-zabar-so-karmin-na-vashite-usni-shto-gi-nervira-lugjeto-spored-nivnata-profesija 03 630x400.jpg

Библиотекар

„Многумина од луѓето навистина не разбираат дека книгата треба да се врати на договорениот, впишан датум. И дефинитивно не можат да се помират дека во спротивно им следува казна.

Да, библиотеката ви овозможува пристап до секоја книга којашто ќе ја посакате. Сè што треба да направите е да платите членарина и да ја вратите книгата навреме.“

Келнер

„Доколку вашиот келнер дели пијалаци од послужавник, ве молиме, не обидувајте се да земете некоја од чашите. Знаеме дека сакате да ни помогнете, но всушност тие се оние што го балансираат послужавникот, а најмала невнимателност може да предизвика целиот послужавник да заврши на земја.“

Наставник

„Јас сум наставник во четврто одделение и мразам кога родителите го одобруваат лошото однесување на своето дете. Нешто во стилот на: „Супер е тоа што Тими без причина го фрли столчето на неговиот соученик?““

Dami-prestanete-da-doagjate-na-zabar-so-karmin-na-vashite-usni-shto-gi-nervira-lugjeto-spored-nivnata-profesija 04 630x400.jpg

Продавач на карти во кино

„Јасно ни е дека киното е совршено за љубовен состанок. Но, ве молиме претходно договорете се кој ќе ги плати картите, или барем обидете се тоа да биде брзо бидејќи остануваат уште 5 минути до почетокот на филмот, а позади вас чекаат редица од луѓе.“

Обезбедување во здравствена установа

„Имајте предвид дека ние не сме виновни доколку сте го погрешиле терминот за дозволени посети. Сепак, станува збор за болница каде што постои некаков ред.“

Градежен работник

„Навистина фрустрира кога луѓето нѐ гледаат како работиме, но остануваат на истата страна од тротоарот каде што сме и ние. Едноставно, префрлете се на другата страна, буквално ќе ви одземе 5 секунди од вашето време.“

Dami-prestanete-da-doagjate-na-zabar-so-karmin-na-vashite-usni-shto-gi-nervira-lugjeto-spored-nivnata-profesija 05 630x400.jpg

Вработен во казино

„Секојдневно посетителите нè прашуваат која машина ќе го погоди џекпотот. Доколку го знаевме одговорот, веројатно немаше да бидеме тука, зарем не?“

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
На секој крузер има мртовечница и уште 6 факти што ќе ви го расипат денот Знаевте ли дека постои болест која може да ве натера да мислите дека сте мртви? ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
15 животни мудрости од кои се водат успешните луѓе (број 8 е клучна) Велат: „Богатите луѓе планираат за три наредни генерации, сиромашните за сабота ...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg