Сама си го бирала автомобилот за ковчегот, ја испрати гајдаџијата кој наутро ја будел – Детали од погребот на кралицата кои никој не ги забележа
Ковчегот од кралицата беше пренесен со истата кочија со која го пренеле и нејзиниот татко, а беше влечена од морнари, наместо од коњи – детали од погребот на кралицата што ретко кој ги забележа.
Вчера (19.09.) светот се прости од британската кралица Елизабета Втора, која почина на 8-ми септември.
Вниманието на целата светска јавност вчера беше свртено кон едночасовната церемонија што се одржа во Вестминстер, пред ковчегот да биде спуштен под капелата St. Geroge.
Речиси сите ги видоа моментите кога одредени членови на семејството не успеаја да се додржат до кралскиот протокол, па дозволија да ги поведат емоциите, а доста се пишуваше и за изборот на накит на кралските дами и неговото значење, како и за тоа зошто Хари не се појави во воената униформа и зошто не направи војнички поздрав.
Во продолжение да проследиме неколку интересни детали, што речиси никој не ги забележа:
Погребот на кралицата се одржа во истата капела каде што се одржа и нејзината венчавка со принцот Филип, но и нејзиното крунисување.
Плановите за погребот беа должност на Војводата од Норфолк, Едвард Фицалан Хауард, кој за големиот ден се подготвувал последните 20 години.
Дизајнот на возилото со кое ковчегот на кралицата беше донесен во Лондон, морал да биде одобрен од нејзиното височество.
Ковчегот на кралицата беше пренесен со истата кочија на која беше пренесен и ковчегот на нејзиниот татко.
Оваа кочија е влечена од 142 морнари, пракса која почнала да се користи по погребот на кралицата Викторија кога имало инцидент со коњите, а со истата кочија биле пренесени ковчезите на Едвард Седми, Џорџ Петти, Џорџ Шести и Винстон Черчил.