Факти за свекрвата на кралицата Елизабета – биле далечни роднини, Фројд неуспешно ја лечел откако ја сместиле во ментална установа
Треба да се нагласи дека на почетокот на 20-ти век Европа во главно била предводена од братучеди, кои главно биле поврзани со деветте деца на Викторија и нејзините внуци. Меѓу нив бил и Принцот Ендрју (Андреј) на Грција и Данска, во кого Алис се вљубила на прв поглед.
Алис и Ендрју останале во контакт, а се венчале една година подоцна во 1902 и живееле во Грција. Заедно добиле 4 ќерки и еден син (Филип), со кого таа ќе помине многу малку време.
Алис не сакала да биде само мајка. Под влијание на нејзината братучетка Елизабета Феодоровна од Русија, таа почнала да води порелигизоен живот и почнала да се подготвува за аскетски, спиритуален живот.
Пред почетокот на Првата светска војна, работите значително се влошиле. Во 1917-та година, Алис заедно со кралот на Данска и Грција и другите членови на семејството морала да побегне од земјата. Иако во 1920-та година им било дозволено да се вратат тоа не траело долго.
По грчко-турската војна принцот Ендрју бил убиен од страна на бунтовничките групи, а со помош од британската влада Алис успеала да се качи на бродот HMS Calypso и да побегне од земјата.
Се преселиле во Париз и се чинело дека конечно Алис ќе може да здивне и да ѝ се посвети на религијата. Таа ја прифатила грчката православна религија и почнала да планира да започне религиозен ред медицински сестри, но сите почнале да забележуваат нешто поразлично кај неа.
Во овој период Алис почнала да тврди дека слуша божествени пораки и дека е во комуникација со Исус Христос и со Буда. Почнала да тврди дека има божја дарба да лекува, а нејзиното семејство не ѝ верувало и ја испратило кај голем број лекари да утврдат што навистина се случува со неа.
Алис била сместена во ментална установа. Во 1930-та година била прегледана и од големиот Зигмунд Фројд, според кого таа страдала од шизофренија предизвикана заради хормоните и сексуалната фрустрација. Заради ова, препорачал третман со рентген на јајчниците за кај неа да се забрза процесот на менопауза.
Третманот бил неуспешен и само ѝ создал повеќе здравствени проблеми, по што таа побегнала од институцијата и се вратила во Грција каде основала православен манастир. Со своето семејство ќе се сретне дури во 1937-мата година кога присуствувале на погребот на нејзината ќерка, принцезата Сесилија.
За време на Втората светска војна Алис работела за Црвениот крст, а за време на окупацијата на Атина помогнала да се скријат еврејските семејства.
На крајот на својот живот, во периодот од 1967-ма година таа живеела во Бакингемската Палата
Таа присуствувала на свадбата на нејзиниот син со Елизабета во 1947-ма година. Се вели дека вереничкиот прстен што Филип ѝ го дал на Елизабета бил направен со скапоцени камења што таа успеала да ги сочува за време на 40-тите години на 20-иот век.
Б. С. Б. | Црнобело