- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Факти за свекрвата на кралицата Елизабета – биле далечни роднини, Фројд неуспешно ја лечел откако ја сместиле во ментална установа
Тврдела дека слуша божествени пораки па Фројд ѝ поставил дијагноза дека боледува од шизофренија, предизвикана од сексуална фрустрација. Побегнала од ментална институција, а била херој за време на Втората светска војна – Што знаеме за свекрвата на Елизабета Втора, мајката на принцот Филип?
Принцезата Алис од Батенберг е далечна роднина со кралицата Елизабета Втора, но и нејзина свекрва. Помалку познат податок е тоа дека Елизабета Втора и принцот Филип биле братучеди.
Алис била правнука на Кралицата Викторија, која се омажила за принцот Ендрју на Грција и Данска во 1903-та година и живеела во Грција сè до прогонството на грчкото кралско семејство во 1917-та година.
Во продолжение неколку интересни факти за свекрвата на кралицата Елизабета:
Алис била родена во Виндзорската палата во присуство на Кралицата Викторија. Таа била меѓу подалечните наследници на кралицата.
Како дете патувала многу со семејството. Дармштад, Лондон, Гугенхајм и Малта се само дел од местата каде таа престојувала, а набрзо по нејзиното раѓање нејзините родители забележале дека нешто не е во ред со неа.
Во моментот кога требало да прозбори Алис воопшто не комуницирала. На големо олеснување на членовите од семејството, таа почнала да кажува зборови, но имала проблем со изговорот. На крајот, бабата на Алис, принцезата Јулија од Батенберг ја решила мистеријата и открила дека девојчето е глуво.
Мајка ѝ целосно се посветила на тоа да работи на раното образование на Алис и била изненадена од резултатот. Малата принцеза почнала да говори, но и да чита од усни и на англиски и на германски јазик.