Се омажи со телохранителот, со 3 деца побегна да живее во циркуз – Факти за најмалата ќерка на Грејс Кели, Стефани
По смртта на Грејс Кели, принцезата Стефани ја обвинуваа за страшната сообраќајна несреќа. Со телохранителот доби две деца, а тој ја изневери. Побегна од кралското семејство и се пресели во циркуз – Што знаеме за најмалата ќерка на Грејс Кели и Раниер Трети, Стефани?
Принцезата Стефани Мари Елизабет Грималди (57) е најмладото дете на принцот Раниер Трети и Грејс Кели. Таа е сестра на принцот Алберт Втори и Принцезата Каролин, а се верува дека токму таа е најконтроверзниот претставник на кралското семејство во Монако.
Благодарение на нејзиниот татко Раниер Трети, Монако од непознато кнежевство, денес стана даночен рај за богатите и славните, а ја крена популарноста на земјата така што избра да се ожени со познатата холивудска актерка, Грејс Кели.
Стефани како дете го добила најексклузивното француско образование, со голем број дополнителни активности, меѓу кои и часови по класичен танц, пијано, гимнастика и јавање.
За разлика од својот брат и сестра, Стефани била многу своеволно дете, а Грејс Кели во повеќе прилики за неа рече дека е „enfant terrible“ (немирно дете). Можеби тоа се должи на тоа што била најмала, или пак, на тоа што сакала да се спротивстави на кралските протоколи.
Бурната животна приказна на Стефани:
Принцезата Стефани најголемо внимание привлече во јавноста затоа што на кобниот ден кога со мајка ѝ Грејс Кели доживеаја страшна сообраќајна несреќа таа била во автомобилот.
Според официјалната верзија Грејс Кели имала мозочен удар и загубила контрола на автомобилот, а според теоретичарите на заговори можно е Стефани да управувала со автомобилот тој ден.
Стефани никогаш не проговори јавно за тоа што се случило, но во несреќата се здоби со повреда на вратните пршлени, но и со мал потрес на мозокот, а следниот ден ја загуби и својата мајка.
Наводно, по смртта на Грејс Кели, вестите два дена се чувале во тајност од младата Стефани, која постојано била во неизвесност за тоа дали нејзината мајка преживеала. Дополнително, таа не можеше да присуствува на погребот на мајка ѝ затоа што беше во болница.