Одбил 1 милион фунти за да биде заштитно лице на Виагра, имал криминално минато – факти за маестралниот Сајмон Кауел
Сајмон Кауел, роден на 7 октомври 1959 година е еден од најмоќните луѓе во забавната индустрија. Тој е одговорен за дел од светски омилените телевисиски шоуа како што се American Idol , The Х Factor, America's/Britain 's Got Talent и меѓудругото тој е виновникот за пронаоѓањето и формирањето на светски уметници, како што се маестралните One Direction.
Сајмон навистина поседува моќ да ги открие правите таленти и иако важи за еден од најстрогите судии, сепак публиката го обожава.
Во продолжение за вас издвоивме интересни факти за животот на контроверзниот Сајмон Кауел:
„Криминално“ минато уште во раните години
Кога Сајмон Кауел имал само дванаесет години, бил уапсен затоа што влегол во автобус, вперувајќи им на патниците пиштол со грашок.
„Тоа е пиштол што пука грашок кој достигнува далечина до шест метри. Со мојот другар мислевме дека би било супер шега да го ставиме пиштолот на главата на возачот и да кажеме да нѐ однесе до каде што одиме. Тој ни поверува и возеше околу 20 километри, сѐ додека нѐ стигнавме на другиот крај каде што нè чекаа полициски автомобили и нѐ фрлија во затвор“.
Не бил ученик за пример
„Непослушниот“ Сајмон посетувал 16 училишта поради лошо однесување и на крајот последното го напуштил на 16-годишна возраст.
Почетна кариера како помошник на филмски сет
По училиште, Сајмон се вработил како помошник на сет за снимањето на филмот The Shining на Стенли Кјубрик, но не се согласувал со шефовите, па дал отказ.
Незадоволство од својата положба
Таткото на Сајмон бил извршен директор во EMI Music Publishing и успеал да убеди некого да му даде работа на Сајмон во поштата.
Огромна заработка од American Idol , The Х Factor и America's/Britain 's Got Talent
Неофицијално, Сајмон Кауел заработува по 120 милиони долари од овие забавни шоуа.
Патот кон успехот
Сајмон беше судија на првиот натпревар на British Pop Idol во 2000 година, каде што од самиот почеток се покажа како строг судија. Две години подоцна тој се приклучи на Aмериканскиот идол.
Во 2003 година издава книга во која дава совети за успех
Во 2003 година, Сајмон објавува автобиографија наречена I Don’t Mean to be Rude, but… Каков соодветен наслов! Книгата детално го прикажува неговиот живот во музичкиот бизнис и дава совети за успех.