Одбил 1 милион фунти за да биде заштитно лице на Виагра, имал криминално минато – факти за маестралниот Сајмон Кауел
Поседува една од најголемите компании
Сите знаеме дека Сајмон има огромна љубов кон музиката, телевизијата и забавата. Како резултат на тоа, тој одлучи да ги спои неговата љубов и неговиот свет, а во 2002 година ја основа својата компанија SYCOtv.
Оваа компанија е одговорна за создавање на некои од вашите омилени ТВ емисии, како што се The X Factor, America's Got Talent и American Inventor.
Кашмирот е неговата пасија
Сајмон е алергичен на јагнешка волна. Тој вели дека неговата тајна е наместо тоа да купува скапи џемпери од кашмир.
„Ако најдам џемпер од кашмир што можам да го носам без да ме чеша, не купувам само еден, купувам пет во пет различни бои“.
https://www.instagram.com/p/TBeK4MghrH/
Одбил понуда од 1 милион фунти за да биде заштитно лице на Виагра
Во 2007 година, големиот Сајмон одбил понуда од 1 милион фунти за да биде заштитно лице на Виагра.
Поседува огромна колекција на маички
Освен што води неколку големи талент шоуа, Сајмон е познат по тоа што речиси секогаш носи бела или црна маичка. Според Daily Mail, тој поседува 30 црни маици на Армани.
https://www.instagram.com/p/BnIC-E0Ap7A/
Контроверзна љубовна приказна
Сајмон имал афера со сопругата на неговиот најдобар пријател. Тој започнал да излегува со Лорен Силверман, сопругата на Ендрју Силверман, во 2009 година. Тој додал дека „не е горд на околностите“, но откако дознал дека е бремена, донел одлука да продолжи напред.
Огромна љубов кон животните
Сајмон е вегетаријанец и активист за животни. Тој учествува во важни кампањи за нега на животните, одвојувајќи време да ги потсети луѓето да не ги оставаат кучињата во вжештени автомобили и зборувајќи за важноста на кастрацијата и стерилизацијата.
Тој во моментов чува четири кучиња и тоа Сквидли и Дидли од расата Јоркшир Териер, Фреди – кучето на неговата почината мајка и Дејзи која ја посвои во 2018 година.
Мила М. | Црнобело