Облаците тежат околу 500 тона и уште 8 забавни научни факти кои звучат нереално

Ванилин е состојката што ѝ ги дава препознатливите вкус и мирис на ванилата, а научниците успеале да ја направат од пластика.

oblacite-tezhat-okolu-500-tona-i-ushte-8-zabavni-nauchni-fakti-koi-zvuchat-nerealno-01.jpg

Светот околу нас е толку чуден, што некогаш и научно докажаните факти можат да ни звучат нереално.

Во продолжение неколку вакви факти што сигурно ќе ве изненадат:

Може да се направи вкус на ванила од пластика

Во истражување од 2021 година објавено во Green Chemistry, двајца научници успеале да направат вкус на ванила од пластика.

Состојката што ги дава мирисот и вкус на ванилата се нарекува ванилин. Оваа состојка се добива од растението ванила, а може да се направи и во лабораторија.

Земајќи го предвид проблемот со загадувањето со пластика, научниците пробале да ја направат оваа состојка од вид пластика – и успеале.

Тие користеле генетски модифицирани бактерии кои ја разградуваат пластиката, а потоа поголемиот дел од неа го претвориле во ванилин.

oblacite-tezhat-okolu-500-tona-i-ushte-8-zabavni-nauchni-fakti-koi-zvuchat-nerealno-02.jpg

На Нептун и Уран може да има дожд од дијаманти

Не знаеме многу работи за Нептун и Уран, па астрономите користат многу симулации и пресметки за да откријат што се случува на нивната површина.

Користејќи ги податоците за составот на атмосферите на овие планети, заедно со нивните температури и други фактори, тие дошле до заклучок дека на Нептун и Уран има совршени услови за да настане дожд од дијаманти.

oblacite-tezhat-okolu-500-tona-i-ushte-8-zabavni-nauchni-fakti-koi-zvuchat-nerealno-03.jpg

Има повеќе дрвја на планетата отколку ѕвезди во нашата галаксија

Се претпоставува дека на Земјата има околу 3 трилиони дрвја. Односно, околу 420 дрвја за секој човек на Земјата.

Од друга страна, научниците проценуваат дека во Млечниот Пат има околу 100 милијарди ѕвезди.

oblacite-tezhat-okolu-500-tona-i-ushte-8-zabavni-nauchni-fakti-koi-zvuchat-nerealno-04.jpg

Поверојатно е да имате слична ДНК со пријател, отколку со непозната личност

Истражување од 2018 година покажало дека луѓето кои се добри пријатели имаат сличности во нивната ДНК.

Односно, постои можност оваа сличност да нè привлекува едни со други.

oblacite-tezhat-okolu-500-tona-i-ushte-8-zabavni-nauchni-fakti-koi-zvuchat-nerealno-05.jpg

Уште пет факти на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
8 (научни) факти кои звучат како измислени Синиот кит е најголемиот цицач на планетата и јасно дека му требаат многу калори...
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...
„Најсилните души се раѓаат од страдањето“ – Моќни цитати од Калил Џибран што ќе ви ја кренат самодов... „Постојат луѓе што даруваат со радост и таа радост е нивната награда“ – рекол ли...
Факти за Јури Гагарин, првиот човек кој отишол во вселената - Некои веруваат дека е убиен од Советск... Знаевте ли дека Јури Гагарин бил висок само 157 сантиметри? Но, токму ова му пом...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg