Облаците тежат околу 500 тона и уште 8 забавни научни факти кои звучат нереално
Доматот има повеќе гени од човекот
Геномот на доматите содржи 31.760 гени.
Од друга страна, човечкиот геном има „само“ околу 25.000 гени.
Сончогледите можат да ја отстранат радијацијата од почвата
Сончогледите можат да ги извлечат радиоактивните материи од почвата преку нивните корења.
Со ова, тие ја чистат почвата од радијацијата.
Веќе се направени обиди да се исчисти почвата околу Фукушима по хаваријата со полиња со сончоглед.
Желките и лососот го користат магнетното поле на Земјата за навигација
Веројатно сте се запрашале како водните суштества не се губат во огромните океани и мориња – некои од нив имаат „уреди“ за навигација.
На пример, водните желки и лососот можат да го детектираат магнетното поле на Земјата и тоа им помага да се ориентираат.
Облаците можат да тежат и по 500 тона
Поради нивната форма, облаците изгледаат како да се многу лесни.
Но, не заборавајте дека во облаците има многу вода, па тие можат да тежат по дури 500 тона.
Скакулците имаат уши на стомакот
Органите за слушање на скакулците се мембрани кои се чувствителни на звучни бранови. Овие мембрани се лоцирани од двете страни на стомакот.
Спирова С. | Црнобело