Се оженил за жена со проблематично минато, со години имал две семејства – Факти за Енцо Ферари
„Кога маж ќе ѝ каже на жена дека ја сака, тој само мисли дека ја посакува“ – рекол Енцо Ферари во една прилика. Основачот на „Ferrari“ со години имал две семејства, а неговиот наследник долги години не смеел да го носи презимето Ферари – бурното минато на човекот кој ги создаде најпознатите тркачки автомобили во светот.
Кога ќе се спомнат автомобилите „Ferrari“ речиси сите знаеме дека зад нив стои основачот на компанијата - Енцо Ферари (1898 - 1988), човекот кој доминираше во светот на тркачките автомобили во втората половина на 20-иот век.
За неговиот подем во светот на автомобилската индустрија се пишувало многу, а помалку се знае за неговиот турбулентен приватен живот, кој бил исполнет со скандали.
Енцо е роден во Модена (Италија) во 1898-ма година во сиромашно семејство кое во својот дом изработувало метални делови.
На 10-годишна возраст, во 1908-ма година Енцо ја гледал победата на Фелиџе Назаро на Circuito di Bologna, по што кај него се родила желбата еден ден кога ќе порасне да вози тркачки автомобили.
Во Првата Светска војна, Енцо служел во војната артилерија, но откако се разболел од грозница веднаш бил ослободен од војната служба. Во епидемијата Енцо ќе ги загуби татко му и чичко му, а тоа ќе значи пад и на семејниот бизнис.
По завршувањето на војната Енцо барал работа во автомобилската индустрија и се вработил во Fiat во Торино, каде работел како тест возач, а во 1920-та година ќе се приклучи на тркачкиот тим на Alfa Romeo.
Кога бил релативно млад, на возраст од само 25 години Енцо одлучил да се ожени за Лаура Доменика Гарело со која го добил синот Алфредо Дино.
Според пишувањата, Лаура претходно работела како придружничка и редовно била присутна на автомобилските трки од тоа време. Пред да стапат во брак, веќе во јавноста кружеле гласини дека тие се заедно и дека веќе почнале да живеат во вонбрачна заедница, што во католичка Италија во тоа време бил вистински скандал.