15 забавни цитати (во кои сигурно ќе се пронајдете)
„Секое семејство има еден чуден член. Ако не знаете кој е, тогаш најверојатно сте вие.“
На Инстаграм профилот „Fuckology“ постојано осамнуваат интересни цитати, кои на шеговит начин кријат голема животна вистина.
Ќе се согласите ли со некои од нив?
Интересни цитати за животот:
Секое семејство има еден чуден член. Ако не знаете кој е, тогаш најверојатно сте вие.
Порака до моите бивши: „Ве молам не кажувајте на никој дека сме се состанувале. Знам дека е големо достигнување за вас, но за мене е грешка.“
Секое добро пријателство започнува со: „Кога те видов првпат, мислев дека си идиот/кучка.“
Луѓето кои гледаат хорор филмови за забава и потоа спијат мирно, се демони.
Јас и мојата симпатија зборувавме вчера за неговата симпатија.
Стареењето е чудно затоа што уште си истото ентузијастично дете заробено во старо, проблематично тело.
Пријателството на стари години изгледа вака: „Ќе ти се јавам за кратко“, спуштање на слушалка и јавување дури по 3 или 4 дена и никој не се лути за тоа.
Потсетување: Не можеш да промениш личност која не гледа проблем во нејзините постапки.
Стануваш возрасна личност кога сфаќаш дека сè што сакаш е дом, стабилна работа и партнер покрај кој ќе се смириш.
Кога ќе кажам дека не кажувам на никој – мојот најдобар пријател не се брои.
Доста се жалиш за својот живот. Таму постои некој/а кој/а се состанува со твојот бивши партнер.
Девојко, кога ќе најдеш сестра во некој кој не ти е крв – задржи ја!
Во битката помеѓу срцето и мозокот, секогаш слушај го стомакот.
Мојот цел живот можам да го сумирам во една реченица: „Уф, дефинитивно не се случи како што планирав.“
Дали може да прескокнеме до делот кога конечно сум среќен/а и богат/а?
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com