Кога некој сака да ве понижи или навреди, доволно е да му ги кажете само овие зборови за мир во душата

Ова е мудрост која може да ја примените во голем број ситуации. Тешко е да се одржи мирот и смиреноста кога некој се обидува да ве навреди или понижи. 

Koga-nekoj-saka-da-ve-ponizi-ili-navredi-za-mir-vo-dushata-01.jpg

Од друга страна, не заборавајте дека доколку личноста која ве напаѓа не ја добие посакуваната реакција, вие веќе сте победиле.

Приказна ќе ви го докаже токму тоа:

Еден монах се сметал за човек кој секогаш останувал смирен и не дозволувал да биде навреден. Луѓето од најоддалечените делови на светот доаѓале за совет кај него. 

Кога ова го слушнал некој расипан човек, решил да го тестира мудрецот. Отишол кај него и штом го видел почнал да го навредува и понижува.

Откако ги потрошил навредите, застанал за момент и зачудено увидел дека монахот е сè уште мирен и присебен како и пред неговото доаѓање.

Тоа го изнервирало уште повеќе, па продолжил да пцуе уште повалкано и полошо од претходно, но залудно – изгледало како тоа воопшто да не влијае на мудрецот.

Кога го изгубил и последниот атом енергија, решил да му пријде на монахот и да ја дознае неговата тајна.

„Ја разбирам твојата духовност и дека не ти е грижа што мислат и зборуваат другите за тебе, но јас те понижив и навредив. Треба да научиш да се бориш за себе“ – му рекол човекот.

„Сине, може ли само да ти поставам две прашања?“ – го прашал монахот, прозборувајќи за прв пат.

„Се разбира“, рекол човекот.

„Ако ми донесеш подарок, а јас не го прифатам, на кого сè уште му припаѓа подарокот?“

„Па, ако не го прифатиш подарокот, тој сепак ми припаѓа мене“, одговорил расипаниот човек.

„И сега, синко, ако имаш само навреда за мене, а јас не ја прифаќам, на кого му припаѓа таа сè уште? – заклучил мудриот, се свртел и си заминал, а човекот останал зачуден, без зборови.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg