13 причини зошто Холандија е државата на иднината
Голем број затвори се затвораат поради ниската стапка на криминал, има 22 милиони велосипеди, а властите планираат да ги забранат возилата на бензин до 2025 година – ова се само дел од причините зошто Холандија е земјата на иднината.
Бескрајните полиња со лалиња, културата на локалците, но и огромната свест за екологијата се само некои од работите што ја прават Холандија единствена.
Холандија е една од „најзелените“ држави во светот, а спаѓа и во 10-те најсреќни земји. Па, дефинитивно можеме да научиме многу од примерот на оваа држава.
13 факти што докажуваат дека Холандија е државата на иднината:
Нема улични кучиња
Холандија е можеби единствената држава во светот каде што нема улични кучиња. Холандските власти започнаа кампања за стерилизација на уличните кучиња, но и се потрудија да им се најде дом.
Овде се појавија првите велосипедски патеки со соларни панели
Благодарение на проектот SolaRoad, Холандија има велосипедски патеки со соларни панели уште од 2015 година. Идејата е со овие панели да се осветлуваат улиците и да се полнат електричните возила.
Има многу станици за полнење електрични возила
Додека кај нас електричните возила уште се новина, во Холандија се користат многу често, па низ државата има поставено многу станици за полнење.
Властите планираат целосно да ги забранат возилата на дизел и бензин
Ако сè оди според планот, до 2025 година во Холандија ќе бидат забранети возилата кои работат на дизел и бензин. Целта е сите автомобили да се заменат со електрични и да почнат да се користат поеколошки средства за превоз.
Се затвораат многу затвори бидејќи нема криминалци
Според податоци од 2020 година, во Холандија има само 60-тина затвореници на 100.000 жители.
Поради драстичното опаѓање на криминалот, во оваа земја беа затворени неколку затвори.
Во Холандија има специјални патишта за животни
Секој ден бројни диви животни загинуваат додека се обидуваат да преминат автопат. За овој проблем има одлично решение – огромен мост врз автопатот посаден со трева и растенија кој им нуди безбеден премин на животните.
Во Холандија има многу вакви мостови.