Златни принципи на психологот Валериј Синелников: Децата ќе бидат среќни ако нивните родители се среќни

Валериј Синелников е познат хомеопат и психотерапевт, автор на популарните книги „Вакцинација против стрес“ и „Третман на мислите“, творец на методологијата „Како да станете здрави со учење на животните радости“.

Zlatni-principi-na-Valerij-Sinelnikov-01.jpg

Тој смета дека за подобро здравје и хармонија во животот, мора да се придржувате до одредени златни принципи.

Погледнете во продолжение кои се неговите златни принципи за среќен живот:

За да станете господар на сопствената судбина, мора да ја прифатите одговорноста за вашите мисли. Тогаш, можете да ја промените судбината, ослободувајќи се од негативното размислување.

Нашето физичко и ментално здравје, работата, финансиите и односите со семејството и со пријателите се одраз на сопствените мисли, чувства и грижи. Во овој живот, човекот го прима она во што верува.

Комуникацијата не смее да биде негативна или да се сведе на празен разговор. Нејзината цел секогаш треба да биде спојување на две личности.

Светот околу тебе е одраз на мислата. Сè што човекот има, самиот го создава.

Убав и чист свет може да се создаде почнувајќи од самиот себе.

Децата ќе бидат среќни ако нивните родители се среќни.

Светот околу нас, другите луѓе, природата – сето тоа е уникатно. Мора да го забележите изненадувањето во уникатното и да престанете да му се воодушевувате.

Човекот ги создава сите болести.

Некои луѓе немаат татковина. Бидејќи татковината не е земјата на раѓање или државјанството. Татковината е место каде што човекот ќе може да си ги врати душевниот мир и силата, да се исполни со енергија и со позитивни мисли. Татковината е место што секој треба да го има.

Човекот не треба да се стреми само кон богатството, автомобил, куќа итн. Човекот треба да се стреми кон внатрешен развој, па дури и кон развој на нови врски. Во најдобар случај, човекот треба да биде заинтересиран за себеси.

За да постигнете одредена цел, мора јасно да ја формулирате. Невозможно е да стигнете некаде ако немате план. Можеби ќе се изгубите по патот.

Што се однесува до исхраната, луѓето немаат јасно мислење. Ако им кажете дека одредена храна им е забранета, веднаш ќе помислат дека ги лишувате од најскапоценото нешто во животот.

Секој човек треба да сонува и да живее стремејќи се да ги оствари своите соништа. На крајот на краиштата, главната работа што човекот ја има се умот и душата. Ако луѓето се обидат да го развијат едното, честопати го забораваат другото. Но, душата треба да се храни со чисти мисли и со искрени чувства.

Парите и другите материјални нешта сами по себе не се лоши. Но, работењето само за нив нема да ви донесе ништо друго освен негативност. Тоа не е живот, туку постоење и опстанок.

Мислите ја формираат енергијата, енергијата непрекинато циркулира во крвта, а крвта е физичко олицетворение на душата.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg