Многу домови немаат топла вода, модата е многу важна – забавни факти за животот во Доминиканска Република

Ако некогаш одите во Доминиканска Република, важно е да знаете дека овде бакшишот е многу важен. Ако јадете во ресторан мора да им оставите бакшиш на келнерите, но очекувано е да им дадете мал бакшиш и на луѓе кои ќе ви помогнат за што било.

mnogu-domovi-nemaat-topla-voda-modata-e-mnogu-vazhna-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-dominikanska-republika-01.jpg

Доминиканска Република е земја во Карипското Море на островот Хиспаниола. Овде живеат околу 9 милиони луѓе чиј начин на живот и секојдневни навики можат да бидат необични за нас.

Неколку забавни факти за животот во Доминиканска Република:

Во многу домови нема топла вода

Во многу домови, особено кај посиромашните семејства, нема топла вода, односно нема бојлер.

Наводно, топлата вода е луксуз кој можат да си го дозволат само побогатите луѓе. Покрај тоа, бидејќи времето е топло во текот на целата година, многумина не ни чувствуваат потреба од топла вода.

Оние кои немаат бојлери обично греат вода за да се избањаат.

mnogu-domovi-nemaat-topla-voda-modata-e-mnogu-vazhna-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-dominikanska-republika-02.jpg

Жените редовно посетуваат салони за убавина

Жените од Доминиканската Република редовно ги посетуваат салоните за убавина, и тоа не само за третманите што ги добиваат таму.

За нив, салоните за убавина се и место за социјализација.

mnogu-domovi-nemaat-topla-voda-modata-e-mnogu-vazhna-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-dominikanska-republika-03.jpg

Повеќето жени сакаат права коса

Иако голем број жени од Доминиканската Република имаат природна виткана коса, според тамошните стандарди за убавина, правата коса е многу попривлечна.

Сепак, времињата се менуваат и како на многу други места, и во оваа земја почнува да се негува природниот изглед, па сè повеќе жени се откажуваат од исправувањето на косата.

mnogu-domovi-nemaat-topla-voda-modata-e-mnogu-vazhna-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-dominikanska-republika-04.jpg

Модата е многу важна

Жителите на Доминиканската Република сметаат дека облеката е одраз на карактерот и успехот на една личност. Па, со задоволство купуваат поскапа облека од квалитетен материјал.

Многу девојки и жени сакаат и брендирана облека, особено од американски брендови.

mnogu-domovi-nemaat-topla-voda-modata-e-mnogu-vazhna-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-dominikanska-republika-05.jpg

Дофрлањето комплименти на улица е сосема нормално

Додека кај нас свиркањето и дофрлањето комплименти кон жените се смета за неучтиво, дури и вознемирувачко, во Доминиканската Република е сосема нормално.

Односно, штом на некој маж му се допадне некоја жена на улица, тој слободно ѝ го кажува тоа на цел глас.

mnogu-domovi-nemaat-topla-voda-modata-e-mnogu-vazhna-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-dominikanska-republika-06.jpg

Тргањето на погледот од соговорникот се смета за навреда

Локалците се многу пријателски настроени и отворени, па без проблем поставуваат лични прашања дури и на луѓе што ги гледаат првпат.

Истовремено, ако разговарате со некого и се оддалечите од него или го тргнете погледот, тоа може да се сфати како навреда.

mnogu-domovi-nemaat-topla-voda-modata-e-mnogu-vazhna-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-dominikanska-republika-07.jpg

Бабите често се грижат за децата

Бабите во Доминиканската република активно учествуваат во грижата и воспитувањето на нивните внуци.

Ако, пак, родителите се разведени, тие уште повеќе се вклучуваат во грижата за нивните внучиња.

mnogu-domovi-nemaat-topla-voda-modata-e-mnogu-vazhna-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-dominikanska-republika-08.jpg

Наместо автобуси, за јавен превоз се користат автомобили

За разлика од повеќето земји каде што јавниот превоз го сочинуваат автобуси, возови или трамваи, во Доминиканска Република се користат „јавни автомобили“.

Во овие автомобили има место за осум патници, а возачите минуваат одредена рута и застануваат по потреба.

mnogu-domovi-nemaat-topla-voda-modata-e-mnogu-vazhna-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-dominikanska-republika-09.jpg

Бакшишот е многу важен

Во Доминиканска Република е многу важно да оставате бакшиш, и тоа не само во ресторани.

Очекувано е да им дадете бакшиш на сите кои ќе ви направат некаква услуга, како таксист кој ќе ви ги извади торбите од автомобилот.

mnogu-domovi-nemaat-topla-voda-modata-e-mnogu-vazhna-zabavni-fakti-za-zhivotot-vo-dominikanska-republika-10.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
8 (научни) факти кои звучат како измислени Синиот кит е најголемиот цицач на планетата и јасно дека му требаат многу калори...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg