Од детство во сиромаштија до брак со благородник и успешна филмска кариера – Факти за Џесика Честејн, модерната Пепелашка

„Голем број ноќи си легнувавме гладни и навистина беше тешко“ – откри во една прилика актерката Џесика Честејн. Таа ретко говори за сопственото детство, а нејзината приказна наликува на модерна бајка – факти за актерката што доби Оскар за најдобра женска улога.

od-detstvo-vo-siromashtija-do-brak-so-blagorodnik-i-uspeshna-filmska-kariera-fakti-za-djesika-chestejn-01.jpg

Џесика Честејн на црвениот тепих на Оскари 2022 се појави во една од најубавите тоалети, го доби Оскарот за најдобра женска улога во филмот The Eyes of Tammy Faye, а во минатото говореше за своето тешко детство со самохрана мајка и 5 деца.

od-detstvo-vo-siromashtija-do-brak-so-blagorodnik-i-uspeshna-filmska-kariera-fakti-za-djesika-chestejn-02.jpg

Џесика во филмот ја играше улогата на Тами Феј Бекер, сопругата на контроверзниот теле-евангелист Џим Бекер.

od-detstvo-vo-siromashtija-do-brak-so-blagorodnik-i-uspeshna-filmska-kariera-fakti-za-djesika-chestejn-03.jpg

Денес Џесика е една од најуспешните холивудски актерки, гласен поборник за правата на жените и на LGBT заедницата, а беше мошне активна и со движењето #MeToo.

Во продолжение да проследиме неколку интересни факти за неа, што можеби не сте ги знаеле.

od-detstvo-vo-siromashtija-do-brak-so-blagorodnik-i-uspeshna-filmska-kariera-fakti-za-djesika-chestejn-04.jpg

Родителите на Џесика биле тинејџери кога ја добиле, а таа пораснала заедно со нејзината самохрана мајка и подоцна со нејзиниот очув кој работел како пожарникар.

od-detstvo-vo-siromashtija-do-brak-so-blagorodnik-i-uspeshna-filmska-kariera-fakti-za-djesika-chestejn-05.jpg

Џесика не сака да говори за својот биолошки татко, но во една прилика откри дека тој починал во 2013-та година.

od-detstvo-vo-siromashtija-do-brak-so-blagorodnik-i-uspeshna-filmska-kariera-fakti-za-djesika-chestejn-06.jpg

Џесика има двајца браќа и две сестри, а нејзината помлада сестра Џулиет во 2003-та си го одзела животот, на возраст од 24 години, откако претходно 4 години се борела со зависности од дрога. Џулиет си го одзела животот само 3 дена пред Џесика да дипломира.

od-detstvo-vo-siromashtija-do-brak-so-blagorodnik-i-uspeshna-filmska-kariera-fakti-za-djesika-chestejn-08.jpg

Таа ретко говори за периодот од сопственото детство, но во една прилика откри повеќе детали за најтешкиот период во нејзиниот живот:

„Пораснав со самохрана мајка која работеше напорно за да ни донесе храна. Немавме пари. Голем број ноќи си легнувавме гладни и навистина беше тешко. Нештата воопшто не беа лесни додека растев“.

od-detstvo-vo-siromashtija-do-brak-so-blagorodnik-i-uspeshna-filmska-kariera-fakti-za-djesika-chestejn-17.jpg

Во интервју за The Times Џесика откри дека нештата биле толку многу тешки што мајка ѝ морала да краде храна од маркетите за да ги прехрани. Сепак, тоа не ја спречило да заврши на престижната академија Џулијард со што ја започнала својата актерска кариера. Таа паралелно студирала и работела со цел да го заврши образованието.

od-detstvo-vo-siromashtija-do-brak-so-blagorodnik-i-uspeshna-filmska-kariera-fakti-za-djesika-chestejn-11.jpg

Иако имала тежок почеток во животот, среќата на Џесика ѝ се насмевнала. Успеала да изгради успешна филмска и театарска кариера, а денес има и титула „војвотка“, затоа што е омажена за Џан Лука Паси Де Препулосо, кој потекнува од благородничко семејство во Италија.

od-detstvo-vo-siromashtija-do-brak-so-blagorodnik-i-uspeshna-filmska-kariera-fakti-za-djesika-chestejn-12.jpg

Тие се запознале на модно шоу во Париз, а Џесика откри дека воопшто не сакала да стапи во брак со него, затоа што не верувала во брак. Со, текот на времето станала поотворена за идејата да стават потпис пред матичар и во 2017-та година имале интимна церемонија.

od-detstvo-vo-siromashtija-do-brak-so-blagorodnik-i-uspeshna-filmska-kariera-fakti-za-djesika-chestejn-14.jpg

Во 2018-та година преку сургат мајка тие ја добија ќерката Џулиета, која го носи името на трагично починатата сестра на Џесика. Има шпекулации дека парот добил уште едно дете во меѓувреме, но актерката рече дека не сака премногу да говори за сопствениот приватен живот.

od-detstvo-vo-siromashtija-do-brak-so-blagorodnik-i-uspeshna-filmska-kariera-fakti-za-djesika-chestejn-16.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg