Бредли Купер со мајка му, Ники Хилтон го покажа трудничкиот стомак – Ѕвездите гламурозни на црвениот тепих на Оскари 2022 (фото)
- Детали
- понеделник, 28 март 2022
Бредли Купер на црвениот килим се појави со мајка му, Ники Хилтон го покажа трудничкиот стомак, а Зендeја се појави во највпечатливо модно издание - како изгледаа ѕвездите на црвениот тепих на Оскари 2022? Кој е најдобро, а кој најлошо облечен?
Во Лос Анџелес се одржа 94-тото по ред доделување на најпрестижните филмски награди – Оскари.
Голем број од славните дами се одлучија за изданија во пастелни бои, а Зендеја беше највпечатлива - се појави во бел кроп топ и сребрено здолниште од Valentino.
Од мажите, посебно внимание привлече Бредли Купер кој и годинава на црвениот тепих се појави со мајка му, а Џејсон Момоа косата ја носеше во плетенка и даде поддршка за Украина со џебно шамиче во боите на украинското знаме.
Ники Хилтон го покажа трудничкиот стомак, а меѓу најубаво облечените беа и Зои Кравиц, Никол Кидман, Џесика Честејн...
Доделувањето на престижните филмски награди вообичаено се оддржува во февруари, но годинава се одржа еден месец подоцна за да не падне во сенка на Super Bowl и Зимските Олимписки игри.
Погледнете некои од највпечатливите модни изданија на црвениот тепих:
Б. С. Б. | Црнобело