10 забавни факти за животот во Велика Британија (кои можеби не сте ги знаеле)
Секој може да ѝ напише писмо на кралицата Елизабета и голема е веројатноста таа да го прочита, а испраќачот да добие и одговор од неа.
Англија е позната по многу нешта – кралското семејство и нивните традиции, облачното време, бројните музеи, универзитетите…
Иако навидум не се разликува многу од другите европски држави, секојдневието на локалните жители сепак крие и забавни детали што се многу поразлични од она на коешто сме навикнати ние.
Неколку забавни факти за Англија и тамошниот живот:
Секој може да ѝ испрати писмо на кралицата Елизабета и најверојатно ќе добие одговор
Секој може да ѝ напише писмо на кралицата Елизабета, а адресата е споделена и на официјалниот веб-сајт на кралското семејство.
Писмото воопшто не мора да биде формално и секој може да си напише што сака.
Според веб-сајтот, кралицата секојдневно ги добива повеќето лични писма, а има голема веројатност и да одговори на писмото преку некој од нејзините секретари.
Доколку е трогната од содржината на писмото, кралицата може да одговори и лично.
Студентите можат да бидат избркани од факултет доколку препишуваат на испити
Додека кај нас обично ќе ви забранат да полагате неколку сесии, доколку пробате да препишувате во некој британски универзитет и ве фатат, најверојатно и ќе ве избркаат.
Секое препишување на испит се смета за академска измама и ретко кога е толерирано.
Британците преминуваат улица каде било
Во Англија е дозволено да ја поминете улицата штом вие сметате дека е безбедно. Овде речиси и да нема пешачки премини, само точки кои одбележуваат каде би можеле да ја поминете улицата.
Единствено, пешаците не смеат да поминуваат автопатишта.
Во некои соседства многу е важно колку е висока тревата во дворовите
Во некои англиски соседства, жителите се опседнати со изгледот на целото соседство, па сите мораат да имаат совршено средени тревници.
Односно, штом тревата порасне 1-2 сантиметри, веднаш ја косат.
Студената вода не ги спречува Британците да пливаат
Во Англија можете да најдете многу плажи, но поради генерално студеното време, веројатно не би се осмелиле да одите на пливање.
Сепак, ова не важи за Британците кои без проблем влегуваат во водата дури и кога е студена.