Свекорот не ја сакал и ја нарекувал „слугинка“, ја обвинуваа за абортус во првиот брак – Факти за кралицата Летиција од Шпанија
-->
Свекорот не ја сакал и ја нарекувал „слугинка“, а по низата негови скандали таа беше главниот столб на шпанското кралско семејство што работеше на поправање на имиџот. Како Летиција од новинарка стана шпанска кралица и што знаеме за неа?
Кралицата Летиција (49) од Шпанија важи за една од најубавите жени во светот, која постојано воодушевува со елегантните изданија во кои се појавува.
-->
Од 2014-та година, откако нејзиниот свекор кралот Хуан Карлос Први абдицира од тронот и му ја предаде власта на неговиот син Фелипе Шести, таа и официјално стана кралица.
Што знаеме за шпанската кралица која е модна инспирација за голем број жени во светот:
Летиција Ортиз Рокасолано пораснала во семејство од средната класа. Татко ѝ бил новинар, а мајка ѝ била медицинска сестра. Летиција има уште две сестри.
Пред да ја започне љубовната приказна со шпанскиот крал, Летиција 10 години била во врска со Алонсо Гереро Перез, со кого една година била и во брак, а се развела во 1999-та година.
Гереро кој е учител по литература бил во врска со Летиција уште од средношколските денови, а напишал и книга насловена El Amor de Penny Robinson за која тој тврди дека е инспирирана од нивниот брак и развод, но и од врската на неговата поранешна сопруга со шпанскиот крал. Сепак, оваа книга е фикција и не се заснова на вистински настани.
-->
-->
Летиција одлучила да ги следи стапките на нејзиниот татко па се запишала на факултет за новинарство, по што почнала да работи во повеќе познати медиуми. За време на нападите на 11-ти септември 2001-та година таа била репортерка на терен за шпанските новински агенции.
-->
Во 2002-рата година кога Летиција била во северна Шпанија каде требало да известува за потонувањето на танкерот Prestige и за еколошката катастрофа го запознала Фелипе, кој тогаш бил принц.
Тие претходно еднаш се сретнале на забава кај заеднички пријател, но за време на катастрофата меѓу нив се родила љубов и веднаш почнале да се гледаат, но неколку месеци врската ја чувале во најголема тајност.
-->
Во 2003-та кога јавно ја објавиле свршувачката, станало јасно дека Шпанците биле воодушевени од новата принцеза, а поради фактот дека таа доаѓала од народот, често ја нарекувале „кралица за 21-иот век“.
Со какви проблеми се соочила Летиција пред да стане принцеза прочитајте на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н...
Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик...
Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин...
Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада...
За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи
10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...