Ликови од „Сулејман Величествениот“ кои всушност не постоеле + вистинити факти за случувањата во Отоманската империја
Aјбиге Хатун
Во серијата, Ајбиге е претставена како внука на Ајше Хафса, а со тоа и ќерка на кримскиот Сахиб Гирај Кан.
Ајбиге првично доаѓа само за да ја посети својата тетка во Истанбул, но подоцна Хафса Султан сака да ја види како сопруга на нејзиниот омилен внук, принцот Мустафа. Меѓутоа, Ајбиге се заљубува во Бали бег, а Мустафа копнее по една од наложничките.
Во реалноста Ајше Хафса никогаш не била сестра на кримскиот Кан, така што ќерката на кримскиот Кан не можела да ѝ биде внука.
Покрај тоа, иако Сахиб Гирај Кан имал неколку ќерки, но ниту една не се викала Ајбиге и ниту една од неговите ќерки никогаш не отпатувала во Истанбул.
Единствената вистинска поента во целата приказна е дека Сахиб Гирај Кан навистина соработувал со султанот Сулејман во неговата војна во Молдавија.
Бали Бег
Иако Бали Бег е вистинска историска личност, не постои ни најмал спој меѓу историскиот Бали Бег и оној од серијата.
Вистинскиот Бали Бег не бил романтичен тип кој се заљубувал во секоја втора жена. Тој всушност бил суров воен командант.
Фирузе
Во серијата, Фирузе е персиска шпионка која со своите неверојатни способности ги лекува болките на болниот принц Џихангир, заработувајќи ја љубовта на Хурем Султан.
Сепак, таа на одвратен начин ѝ се заблагодарува на љубезноста на Хурем и станува тајна љубовница на Сулејман, во која тој се заљубува. На крајот, нејзиното потекло е откриено и таа е протерана.
Во реалноста, Сулејман ѝ бил лојален на Хурем, живеејќи во таканаречена „моногамна“ врска со неа. Дури и да имало робинки за една ноќ, Сулејман никогаш не се заљубил во друга жена.
Султанката Хуриџихан
Во серијата, Хуриџихан е ќерка на Ибрахим Паша и Хатиџе Султан, која по смртта на нејзините родители расте во палатата на Бејхан Султан.
Оттаму се враќа во Истанбул, каде што се заљубува во својот прв братучед, принцот Бајазид.
Во реалноста, Хатиџе и Ибрахим Паша никогаш не биле во брак и немале деца заедно, така што Хуриџихан никогаш не постоела.
Mихруниса
Во серијата, Михруниса е ќерка на Хајредин Барбароса, шефот на флотата кој нејзиниот татко го испраќа кај принцот Мустафа како консултант.
Подоцна, двајцата млади се заљубуваат еден во друг и се венчаат без знаење на Султанот. Со текот на времето, Михруниса и Мустафа добиваат син по име Мехмед.
Откако принцот Мустафа и неговиот син Мехмед се погубени, Михруниса заминува во главниот град и си го пресекува грлото пред очите на Хурем.
Во реалноста, од причините веќе неколкупати погоре наведени, ниту еден принц не можел да се ожени со никого, па така и Мустафа никогаш не се оженил.
Покрај тоа, Барбароса никогаш немал ќерка по име Михруниса и не бил поддржувач на принцот Мустафа.
Мила М. | Црнобело