Ликови од „Сулејман Величествениот“ кои всушност не постоеле + вистинити факти за случувањата во Отоманската империја

Приказната за најпознатите и најконтроверзните историски личности во отоманската историја за време на владеењето на големиот султан Сулејман – серијата „Величествениот султан“, по цели 11 години од својата премиера сѐ уште претставува предмет на дискусија.

Likovi-od-Sulejman-Velichestveniot-koi-vsushnost-ne-postoele-vistiniti-fakti-za-sluchuvanjata-vo-Otomanskata-imperija 01 630x330.jpg

Првата законска сопруга на султанот, големата Хурем, е прикажана како лик со амбиција, жед за моќ и исклучителна интелигенција со помош на која „манипулирала“ со величествениот Сулејман.

Дополнително, постои голема палета на ликови, и тоа: султанката Махидевран, мајката на Сулејман – Валиде, Ајше Хафса, султанката Хатиџе, големиот везир Ибрахим и многу други.

Велат дека оваа серија претставува отскочна даска за многубројни турски актери - во истата се појавиле преку 100 актери со поголеми улоги и повеќе илјадници со споредна улога или како статисти.

Но, дали сте се запрашале кои од ликовите се вистинити, а кои фиктивни?!

Во продолжение за вас ги издвојуваме измислените ликови во серијата „Сулејман Величествениот“, без кои вистинската драма немаше да биде постигната:

Зумбул Ага, Ѓул Ага и Мерџан Ага

Присуството на некои измислени ликови дефинитивно е основано, бидејќи во спротивно ќе останевме со навистина малку детални информации за харемот на султанот Сулејман I.

Така, на пример, ликовите Зумбул Ага, Ѓул Ага, Мерџан Ага и други евнуси, иако не прикажуваат историски ликови, беа неопходни за драматичноста и комедијата во серијата.

Ликот на Зумбул беше најважен меѓу евнусите и можеби затоа многумина од нас мислат дека Хурем всушност имала толку близок пријател.

Сепак, тоа не е вистина. За време на владеењето на Сулејман, многу главни евнуси се менувале, а за ниту еден од нив не било познато дека е особено близок со Хурем. Од блиските слуги на Хурем, позната е жена по име Невбахар.

Likovi-od-Sulejman-Velichestveniot-koi-vsushnost-ne-postoele-vistiniti-fakti-za-sluchuvanjata-vo-Otomanskata-imperija 02 630x380.jpg

Нигар Калфа, Ѓулсах Хатун, Фидан Хатун, Даје Хатун и многуте наложнички

Ликовите на Нигар Калфа, Ѓулсах Хатун, Фидан Хатун, Даје Хатун и многу други слични на Зумбул исто така се измислени.

Ниту еден од нив не бил историски, но сигурно секоја султанка имала свои доверливи слуги, како што е прикажано во серијата.

Како и евнусите и калфите, наложничките на принцот Мустафа и принцот Бајазид: Ајше, Рана, Дефне или Румејса Хатун, исто така може да се сметаат за измислени ликови.

Не знаеме ништо за харемот на двајцата принцови, бидејќи ниту еден од нив немал главна сопруга и бидејќи нивните деца биле родени од различни жени.

Likovi-od-Sulejman-Velichestveniot-koi-vsushnost-ne-postoele-vistiniti-fakti-za-sluchuvanjata-vo-Otomanskata-imperija 03 630x380.jpg

Садика 

Садика во серијата е претставена како Унгарка чиј сопруг бил убиен од султанот Сулејман на денот на нивната венчавка.

Подоцна, таа станува шпион на унгарскиот крал Лајош II и заминува во Истанбул за лично да се одмазди за смртта на нејзиниот сопруг, со што по сплет на околности станува главна слугинка на Хатиџе Султан.

За време на нејзината работа таа се обидува да го убие Сулејман, меѓутоа не успева. 

Likovi-od-Sulejman-Velichestveniot-koi-vsushnost-ne-postoele-vistiniti-fakti-za-sluchuvanjata-vo-Otomanskata-imperija 04 630x550.jpg

Лео

Во серијата, тој е љубовта на Хурем од нивната младост. Лео е талентиран уметник кој со помош на Насух ​​Ефенди ќе стане сликар на султанот Сулејман и Паргали Ибрахим.

Неговата поранешна врска со Хурем ја открива големиот Ибрахим, и на тој начин се обидува да ја уценува Хурем и на крај ја тера со свои раце да го отруе.

Во реалноста, Хурем и сите други наложнички биле однесени во османлиско заробеништво како мали девојчиња, па не доаѓа предвид дека би имале голема љубов или би биле верени.

Likovi-od-Sulejman-Velichestveniot-koi-vsushnost-ne-postoele-vistiniti-fakti-za-sluchuvanjata-vo-Otomanskata-imperija 05 630x385.jpg

Принцезата Изабела

Принцезата Изабела Фортуна во серијата е шпанска благородничка, заробена од османлиските пирати, во која Сулејман подоцна се заљубува.

Во реалноста, се разбира, таква ситуација ќе беше незамислива. Дури и ако се претпостави дека Изабела постоела и била заробена од пирати, ниту една принцеза израсната во католички дух доброволно не би станала наложница на муслимански султан - наместо тоа, таа би извршила самоубиство.

Да не заборавиме дека Сулејман ѝ бил лојален на Хурем од 1520-тите па натаму, така што во реалноста не постоела ниту една жена која би можела да претставува неволја за повеќедецениската врска на овој османлиски пар.

Likovi-od-Sulejman-Velichestveniot-koi-vsushnost-ne-postoele-vistiniti-fakti-za-sluchuvanjata-vo-Otomanskata-imperija 06 630x394.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Стана татко на 56 години, бил сексуално злоупотребуван како дете: Се сеќавате ли на вујко Џес од Ful... Има 61 година, но и понатаму е истиот шармер како во времето кога го глумеше вуј...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg