Држел секс-робинки, сопругата му е прва братучетка: Факти за скандалозниот султан на Брунеј
Првата сопруга му е прва братучетка. Во 90-тите беше актуелен поради скандалот кога се дозна дека неговиот брат имал харем во дворецот, а една Американка дури и се обиде да го тужи и тврдеше дека била држена како секс-робинка. Факти за контроверзниот султан на Брунеј...
Со богатство од 40 милијарди долари во 90-тите години султанот Хасанал Болкија (75) од Брунеј важеше за најбогатиот човек во светот, сè додека Бил Гејтс не го турна од тронот.
Благодарение на тоа што неговата земја е богата со нафта и природен гас, султанот од Брунеј и членовите на неговото семејство и денес можат да уживаат во луксузниот начин на живот.
Иако во минатото голем број од светските медиуми пишуваа за скандали поврзани со кралското семејство во оваа земја, во 2019-тата година Султанот повторно беше во центарот на вниманието откако прогласи дека неговата земја ќе почне да се придржува до правилата на Шеријатот.
По ова Султанот воведе екстремни казни од типот на каменување до смрт за неверство, вонбрачна бременост и за носење несоодветна облека или пак отсекување на рака или нога за кражба.
Сепак, голем број од медиумите пишуваа дека со воведувањето на овој закон Султанот се обидува да се искупи и да ги прикрие грешките и скандалите од минатото.
Во продолжение проследете неколку интересни факти за скандалозниот султан од Брунеј: