Татко ѝ бил во затвор за продажба на дрога, работела како дадилка во Лондон: Факти за Џорџина Родригез
Во Англија некогаш работела како бејбиситерка за да може да студира англиски јазик, денес во истата земја се врати како позната манекенка и партнерка на еден од најпознатите фудбалери во светот. Како Џорџина Родригез од сиромашно девојче од Шпанија стана една од најпознатите жени во светот?
Партнерката на светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо (36), Џорџина Родригез (27) денес е една од најпознатите жени во светот. Таа е манекенка и танчарка, но и мајка која ужива да споделува фотографии од својот луксузен живот, но и од животот на нејзините деца.
Покрај тоа што се грижи за четирите деца на Роналдо: синот Кристијано Џуниор (11), близнаците Ева и Матео (4) добиени од сурогат-мајка и нивната ќерка Алана што неодамна го прослави 4-иот роденден, таа во моментов е во петтиот месец од бременоста.
Откако претходно најавија дека со нетрпение ги очекуваат новите членови на семејството, познатиот пар деновиве во видео на Инстаграм го откри и полот на близнаците.
Дополнително, бременоста не ја спречи Џорџина претпразнично да ги израдува четирите деца што ги дели во врската со Роналдо и да ги однесе на патување на Северниот Пол, каде имаа можност да го запознаат „вистинскиот“ Дедо Мраз.
Џорџина во моментов постојано ја гледаме како „поубавата“ половина на Роналдо, но нејзиниот живот не бил отсекогаш исполнет со луксуз и богатство. Напротив, таа израснала во сиромаштија, но судбинската средба со познатиот фудбалер во целост ѝ го променила животот.
Во продолжение погледнете неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле за Џорџина:
Џорџина Родригез е родена во 1994-та година во Буенос Аирес (Аргентина) во периодот кога нејзиното семејство накратко престојувало во родната земја на нејзиниот татко.
Џорџина Родригез е ќерка на Хорхе Едуардо Родригез, кој работел како тренер за фудбалски клуб, кога ја запознал нејзината мајка, Мароканката, Ана Марија Хернандез.
Додека Џорџина била мошне мала, татко ѝ Хозе во целост исчезнал во следниот период од нејзиниот живот. Според пишувањата на медиумите, во тој период Хорхе бил осуден на затворска казна од 6 години заради продажба на дрога.
Џорџина и нејзината сестра Ивана израснале во голема сиромаштија заедно со нивната мајка.
Постарата сестра на Џорџина, Ивана, во изјава непосредно пред смртта на нивниот татко во 2019-тата, изјави дека обвинувањата за татко ѝ биле неточни и дека тие двете имале прекрасен однос со нивниот татко.
Непосредно по раѓањето на Џорџина семејството повторно се вратило да живее во Шпанија. Таму, откако во 2011-та година ја загубила мајка ѝ во страшна сообраќајна несреќа, на возраст од 17 години, почнала да работи како келнерка.
Патот до високата мода, Џорџина го започнала кога почнала да работи во бутикот на Massimo Dutti, но брзо се соочила со проблем затоа што не го познавала добро англискиот јазик.
„Сакав да работам со луксузни брендови и знаев дека за да успеам, морам да говорам англиски јазик“ – изјави Џорџина.