Бремената Џорџина со нови фотки од Северниот Пол: „Јас сум најсреќната мајка и на -15 степени“
- Детали
- среда, 15 декември 2021
Бремена е со близнаци, но тоа не ја спречи Џорџина Родригез да им го оствари сонот на четирите деца на Кристијано Роналдо и да ги однесе на патување на Северниот Пол. За себе вели дека е најсреќната мајка и на-15 степени.
Партнерката на светски познатиот фудбалер Кристијано Роналдо деновиве е на претпразнично патување на Северниот Пол. Таа сподели повеќе нови фотографии од патувањето, а за себе вели дека е најсреќната мајка.
Џорџина Родригез (27) која во моментов е бремена со близнаци одлучи да им го оствари сонот на децата на Кристијано Роналдо и да ги однесе на Северниот Пол, каде имаа можност да се запознаат со „вистинскиот Дедо Мраз“.
Како што може да се види и од фотографиите, Џорџина на ова патување заминала без својата посилна половина Кристијано Роналдо (36), односно без познатиот фудбалер кој е татко на четирите деца: синот Кристијано Џуниор (11), близнаците Ева и Матео (4) добиени од сурогат-мајка и нивната ќерка Алана што неодамна го прослави 4-иот роденден.
„Јас сум најсреќната мајка на светот, не можевме да уживаме повеќе. Минус 15 степени љубов“ – напиша таа во описот до фотографиите.
Прошетка во леденото царство на Дедо Мраз, посета на неговата работилница за играчки, декорирање на новогодишна елка …
Денес, таа сподели нови фотографии со кои информира дека температурата опаднала дополнително, па на -20 степени, таа и децата уживале во активности на снегот.
Кристијано Роналдо, пак, за да покаже дека сепак мисли на сопственото семејство во Инстаграм Стори објави стара фотографија на која вежба и праќа бакнежи. Секако во позадина се гледа и Џорџина, но фотографијата е објавена вчера (14.12).
Погледнете во продолжение повеќе нови фотографии од патувањето на Џорџина со децата:
Б. С. Б. | Црнобело