Стихови што делуваат како мелем на рана – Никола Маџиров и неговата поезија од соништа и копнежи

За него ќе се каже дека е неодминлива референтна точка во новата европска поезија. Никола Маџиров, роден на 27.05.1973 во Струмица, е истакнат македонски поет, есеист и преведувач. Неговата поезија е преведена на некои од најретките јазици во светот, како персиски, хебрејски, келтски, галициски, каталонски… А има и зошто.

Nikola-Madzirov-i-negovata-poezija-01.jpg

Неговите стихови биле инспирација и дел од сижето на германска опера како и два краткометражни филма. Добитник на многу награди, ова е несомнено еден (ако не и најдобриот) македонски поет на сите времиња.

Неговите стихови ќе ви го украдат срцето и ќе ви делуваат како мелем на рана:

Паѓаа ѕвезди.

Си замислив желба: да паднат на меко.

Во прегратката зад аголот ќе препознаеш

дека некој некаде оди. Секогаш е така.

Живеам меѓу две вистини

како неонка што се колеба во

празен ходник. Моето срце собира

сè повеќе луѓе, зашто нив веќе ги нема.

Скарани соседи.

Над оградата гранки се милуваат.

Четвртина од будноста

ја трошиме во трепкање. Нештата

ги забораваме уште пред да ги изгубиме –

тетратката по краснопис, на пример.

Еден ден ќе се сретнеме,

како бротче од хартија и

лубеница што се лади во реката.

Немирот на светот ќе

биде со нас. Со дланките

ќе го помрачиме сонцето и со фенер

ќе се доближуваме.

Се одвоив од себе, за да стасам до твојата кожа

што мириса на мед и ветер, до твоето име

што значи немир што ме успокојува,

што ги отвора портите на градовите во кои спијам,

а не живеам. Се одвоив од воздухот, од водата, од огнот.

Земјата од која сум создаден

е вградена во мојот дом.

Еден ден некој ќе ги здипли нашите ќебиња

и ќе ги прати на хемиско чистење

од нив да го истрие последното зрнце сол,

ќе ги отвори нашите писма и ќе ги реди по датуми

наместо по исчитаност.

Брз е векот. Ги преживуваме слабите земјотреси

гледајќи кон небото, а не кон земјата.

Ги отвораме прозорците за да влезе воздух

од местата каде што никогаш не сме биле.

Војни не постојат, зашто секој ден некој

го ранува нашето срце. Брз е векот.

Побрз од зборот.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg