Денес е Светски ден на наставниците - 15 цитати кои ги уважуваат хероите на општеството
Наставникот е срцето на образовниот систем. Човекот кој ги отвора прозорците на иднината и несебично ја открива тајната за справување со идните предизвици кои ги носи животот.
Светскиот ден на наставниците ширум светот се прославува секоја година на 5-ти октомври.
Негова цел е да ја уважи работата на наставниците и истата да ја прикаже како една од најважните за севкупниот развој на општеството.
Вистинскиот наставик остава неизбледлив траг во срцата на неговите ученици.
Затоа, во продолжение издвоивме 15 цитати кои ќе ја истакнат важноста на наставникот – во неговиот значаен и благороден домен:
„Наставникот не предава она што сака, ниту пак она што го знае, наставникот предава она што е“.
„Наставата е многу полесна од образованието. За настава мора нешто да се знае, а за воспитување да се биде!“
„Да ги научиме децата да бројат е во ред, но да ги научиме 'што' е најважно“.
„Девет десетини од образованието се должат на охрабрувањето“.
„Наставниците имаат три вида љубов и тоа: љубов кон учењето, љубов кон учениците и љубов кон сплотување на овие два вида љубов“.
„Најголемата надеж на секоја земја лежи во правилното образование“.
„Најдобрите наставници се воедно и 'најкомплицираните' наставници: тие бараат од учениците да размислуваат“.
„Јас не сум наставник. Јас сум будител“.
„Уметноста на наставата е уметност да се совлада откривањето“.
„Наставникот влијае на вечноста. Тој никогаш не може да знае каде престанува неговото влијание“.
„Вистинскиот наставник е оној поради кој дома размислувате за нешто, а сепак немате домашна задача“.
„Задачата на модерниот воспитувач не е да ја исече џунглата, туку да ги наводни пустините“.
„Ако треба да ставите некого на пиедестал, ставете ги наставниците. Тие се херои на општеството“.
„Најголемото богатство на училиштето претставува моќта на наставникот“.
„Образованието раѓа доверба. Довербата раѓа надеж. Надежта раѓа мир“.
Мила М. | Црнобело