13 забавни цитати за жените кои слатко ќе ве насмеат
„Господ го направил Адам прв, затоа што не сакал никаков совет од Ева за тоа како да го направи Адам.“
Жените се посебна приказна и тоа е повеќе од јасно.
Овие забавни цитати на шеговит начин го доловуваат нивното позитивно „лудило“.
Интересни цитати за жените:
Еднаш месечно жената полудува 30 дена.
Најмудрата работа што некоја жена некогаш може да ја направи е да сфати дека не ѝ е потребен маж.
Не знаеш ништо за една жена сè додека таа не е пијана и лута на тебе.
Жените се како полицајците, дури и кога ги имаат сите докази на светот, сакаат признание.
Жена: „Сакав да го направам тоа, но потоа ти ми кажа (да го направам тоа), па се премислив.“
Љубоморна жена прави подобро истражување од ФБИ.
Жените се создадени за да бидат сакани, а не разбрани.
Ако жените знаеја да читаат умови, тогаш мажите ќе добиваа по една шлаканица на секоја секунда.
Дали сте забележале дека она на жените „ќе бидам готова за 5 минути“ и на мажите „ќе бидам дома за 5 минути“ се буквално исти?
За жените е научно докажано дека се во право, дури и кога грешат.
Господ го направил Адам прв, затоа што не сакал никаков совет од Ева за тоа како да го направи Адам.
Кога жена ќе ти каже „прави што сакаш“, никако не прави што сакаш.
Ако сакате жена да ве слушне што зборувате, тогаш зборувајте со друга жена (и таа ќе слушне).
С. С. | Црнобело