Нема завршено основно, татко е на 13 деца – кој е Нусрет Гокче, попознат како Salt Bae?
Нусрет Гокче, или Salt Bae, е дефинитивно еден од најпознатите готвачи светот, а славата ја стекна поради неговиот препознатлив стил на сечење и посолување на месото.
37-годишноит Нусрет се прослави благодарение на видеата на кои сече месо и го посолува на негов, уникатен начин, но и со страста што ја покажува кон својата работа.
За помалку од пет години Нусрет стана хит на социјалните мрежи, а популарноста му помогна да отвори 18 ресторани, па дури и да си купи хотел.
Во продолжение погледнете неколку забавни факти за животот на Salt Bae:
Морал да се откаже од училиште
Нусрет Гокче е роден на 9 август 1983 година во Турција во сиромашно семејство. Неговиот татко бил рудар, а бидејќи на семејството му биле потребни пари, Нусрет морал да го напушти училиштето уште во шесто одделение, по што станал чирак кај месар во Истанбул.
Го изучувал занаетот во неколку држави, вклучувајќи ја и САД
Иако можеби немал можност да го заврши образованието, искуството кај месарот го натерало да му се посвети на готвењето – вештина што му донесе светска слава и милиони во банка.
Во периодот 2007-2010 година Нусрет посетил неколку држави, вклучувајќи ја и САД, каде што работел во локални ресторани, неретко без надомест. Тогаш целта му била да стекне искуство и да стане што е можно подобар готвач. Конечно, во 2010 година, Нусрет успева да го отвори неговиот прв ресторан во Истанбул.
Светска слава и Salt Bae
Нусрет се прослави благодарение на видеата на кои приготвува месо, и тоа со вистинска страст кон својата работа. Видеото што го прослави е крстено Ottoman Steak и беше објавено во јануари 2017 година, а она што им привлече најмногу внимание на сите е препознатливиот начин на кој го посолува месото.
Набрзо видеото стана вирално и почна да се споделува на сите социјални мрежи, а Нусрет си го доби прекарот Salt Bae поради начинот на којшто го сече и посолува место.
Успехот по добивањето на прекарот Salt Bae
Нусрет стана еден вид инфлуенсер и денес може да се пофали со неверојатни 36,5 милиони следбеници на Инстаграм. Изминативе неколку години тој успеа да отвори 18 ресторани за месо, како и еден ресторан за брза храна, на 15 локации ширум светот, како Дубаи, Анкара, Лос Анџелес, Миконос, Катар, Њујорк…
Проблеми со вработените во ресторанот
Во ноември 2019 година, неколку поранешни вработени на Нусрет го обвинија дека им земал дел од бакшишот што го добивале од гостите. Тие работеле во негов ресторан во Њујорк и наводно биле избркани откако му поставиле прашање за бакшишот.
Поранешните вработени сакаа да одат и на суд, но Нусрет се согласил да им исплати 230.000 долари. Кога подоцна го прашаа зошто ги избркал од работа, Нусрет изјави дека не бил задоволен од нив, а бидејќи тие биле гневни на него, почнале да измислуваат приказни.
Сингл е, но има 13 деца
Нусрет не споделува никакви информации за неговото семејство, но според фотографија што ја сподели во од 2018-та, тој е татко на дури 13 деца.
Нусрет не е во брак, но не е познато дали има девојка. Истовремено, не се знае ништо за мајката или мајките на неговите деца.
Проширување на бизнисот
По огромниот успех со рестораните, Нусрет реши да инвестира и во хотел во Истанбул, за кој наводно платил 80 милиони долари.
Тој ја сподели веста на Инстаграм, откривајќи дека отсекогаш имал желба да биде сопственик на хотел. Хотелот се вика Park Hyatt Hotel и има пет ѕвезди.