„Пази да не голтнеш мастика, ќе ти се залепи за срцето“ – 10 чудни работи во кои веруваме, а се целосно погрешни

Колку време му е потребно на телото за да ја свари гумата за џвакање?

Секој од нас барем еднаш го слушнал следното „пази, не голтај гума за џвакање, ќе ти се залепи за стомак или срце!“. Оваа теорија е апсолутно неточна. Вистината е дека гумата за џвакање има и состојки кои не се сварливи, но едно лице јаде многу други работи кои потешко се варат, па неговото тело се справува со тоа. 

Кога ќе ја голтнете гумата за џвакање, во желудникот се прави дигестија на шеќерите и хранливите материи, а несварливиот дел продолжува кон цревата, па се исфрла од организмот.

Проблемот може да се појави ако проголтате многу гуми за џвакање за краток временски период. Ова може да заврши со медицинска интервенција, со цел да се спречи блокада во телото.

07.JPG

Што се случува после смртта со косата и ноктите?

Постои популарна теорија дека косата и ноктите на починато лице растат. Овој факт е само оптичка илузија предизвикана од сушење и влечење на кожата по смртта. Вистинскиот раст на косата и ноктите бара интеракција на хормоните, што е невозможно по смртта.

08.JPG

Дали лилјаците се навистина слепи?

Овие животни не се слепи, всушност, тие најдобро гледаат во текот на денот. Нивната способност за ехолокација претставува движење во просторот со рефлектирање на звук, што им овозможува да испраќаат импулси што се рефлектираат од другите тела и предмети во околината. Повратните информации што ги добиваат се всушност податоци за изгледот на просторот во којшто се движат. Значи, теоријата за слепилото на лилјаците паѓа во вода.

09.JPG

Колку трае меморијата на златна рипка?

До неодамна се сметало дека меморијата на златните рипки изнесува помалку од 3 секунди. Сепак, едно момче од австралиско физичко-математичко училиште извршило експеримент во којшто хранело риби образувајќи мемориска врска помеѓу предметите и храната. Тој докажал дека златните рипки имаат меморија од најмалку 6 дена, бидејќи сами му приоѓале на инструментот преку кој им се пуштало храна во претходните денови.

Поради други истражувања, нексперти сметаат дека златните рипки можат имаат меморија и повеќе од 5 месеци.

10.JPG

Дали пингвините имаат само еден партнер во текот на животот?

Легендата вели дека кога пингвините ќе го пронајдат својот партнер остануваат засекогаш со него. Но, за жал, ова не е точно. За жал, тие не се разликуваат премногу од нас луѓето. Се случува многу пингвини да останат сами за време на сезоната на парење.

„Љубовта“ на пингвините трае една сезона, но неретко некои парови се бараат повторно и повторно секоја наредна сезона на парење. За нив ова е исклучително важно, бидејќи во условите во коишто живеат, посветен и вистински партнер е она што му треба на секое мало и прекрасно суштество.

Што значи, не сите имаат само еден партнер, но повеќето го одбираат истиот во секоја сезона.

11.JPG

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...
8 (научни) факти кои звучат како измислени Синиот кит е најголемиот цицач на планетата и јасно дека му требаат многу калори...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg