„Пази да не голтнеш мастика, ќе ти се залепи за срцето“ – 10 чудни работи во кои веруваме, а се целосно погрешни
Сите сте ги слушнале овие работи барем еднаш во животот. Колумбо ја открил Америка. Лилјаците се целосно слепи и не знаат каде летаат. Кинескиот ѕид е единствената градба која може да се види од вселената… и уште 7 други.
Но, прашањето е – колку од нив се навистина точни?
Кој всушност ја открил Америка?
Првата асоцијација на ова прашање ни е Кристофер Колумбо. Сигурно сте ја слушнале изреката „Браво Колумбо, ја откри Америка“! Но, кому навистина му припаѓаат овие заслуги?
Првиот човек што стапнал на почвата на американскиот континент бил скандинавскиот авантурист Леиф Ериксон, кој во 10 век, околу 500 години пред Колумбо, ја открил територијата што денес ја нарекуваме Њуфаундленд.
Дали витаминот Ц лекува настинки?
Кога сме настинати, првото нешто по коешто посегнуваме е витамин Ц, но дали навистина ја лекува настинката? Резултатите од многубројни студии и истражувања покажале дека витаминот Ц може да го намали времетраењето на симптомите кај настинката и грипот кај возрасните и децата.
Но, само ако редовно земале витамин Ц уште пред да настинат. Сепак, ова намалување е занемарливо - најмногу еден ден.
Така, витаминот Ц не ја спречува или лекува настинката.
Дали Кинескиот Ѕид може да се види од вселената?
Приказната дека Кинескиот Ѕид е единствената градба на Земјата што е видлива од вселената, па дури и од Месечината остана да живее до денес, иако повеќепати беше побивана со докази.
Претпоставките дека оваа светска одредница во Кина може да се види од вселената датираат од 19 и 20 век, а всушност вистината е дека оваа градба е едвај видлива дури и од ниската орбита на Земјата.
Сателитска снимка од област каде што се наоѓа Кинескиот ѕид
Дали сушито навистина се прави само од сирова риба?
Повеќето луѓе мислат дека ова е најпознатото јадење на јапонската кујна и традиционално се подготвува исклучиво со сирова риба. Можеби ова е омилена состојка на мајсторите за суши, но тоа не значи дека нема суши без сирова риба. Ова јадење е измислено во Кина во 7 век, но многупати до денес го менувало својот облик, состав и намена.
Кој е всушност највисокиот врв на светот?
Многумина мислат дека тоа е Монт Еверест, но дали навистина е така? Висината на Монт Еверест изнесува околу 8850 метри надморска височина, но ако се постави прашањето за највисоката точка најблиску до Месечината, резултатот ќе биде поинаков.
Нашата планета содржи многу вдлабнатини и испакнатини, од кои највисоката е лоцирана околу екваторот. Така, жителите на Еквадор, Кенија, Танзанија се всушност поблиску до Месечината од другите. И највисоката точка на Земјата може да се смета Чимборасо која се наоѓа во Еквадор.