Ресторани за конзервирана храна, „држачи“ за бебиња во јавни тоалети – 11 докази дека Јапонија е најуникатната држава во светот

Во Јапонија има пешачки премини среде раскрсница

Дијагоналните пешачки премини среде раскрсница се доста чести во Јапонија. Најголемиот и најпрометниот ваков пешачки премин се наоѓа во Токио, веднаш до познатата станица Шибуја. Наводно, кога е најголема гужва, овде минуваат и до 3.000 пешачи во две минути.

restorani-za-konzervirana-hrana-drzhachi-za-bebinja-vo-javni-toaleti-10-dokazi-deka-japonija-e-najunikatnata-drzhava-vo-svetot-07.jpg

Дремката на работното место е прифатлива

Во повеќето држави, ако заспиете на работното место веројатно ќе бидете прекорени. Но, во Јапонија овие дремки се гледаат како доказ дека работите напорно. За жал, ова станало норма бидејќи луѓето во Јапонија се толку зафатени, што недостатокот од сон е сериозен проблем.

restorani-za-konzervirana-hrana-drzhachi-za-bebinja-vo-javni-toaleti-10-dokazi-deka-japonija-e-najunikatnata-drzhava-vo-svetot-08.jpg

Постојат многу „бањи за стапала“ кои најчесто се бесплатни

На скоро секоја улица во поголемите јапонски градови можете да најдете таканаречени бањи за стапала. Обично овие бањи се бесплатни или се наплаќа некоја мала, симболична сума.

restorani-za-konzervirana-hrana-drzhachi-za-bebinja-vo-javni-toaleti-10-dokazi-deka-japonija-e-najunikatnata-drzhava-vo-svetot-09.jpg

На некои писоари има конзоли за играње

На некои писоари во Јапонија има инсталирано мали конзоли за играње. Она што е најчудно е што игрите на конзолите се контролираат со млазот урина, со помош на вградени сензори. Наводно, целта на овие конзоли била да ги натераат мажите да бидат „попрецизни“ кога одат во јавен тоалет.

restorani-za-konzervirana-hrana-drzhachi-za-bebinja-vo-javni-toaleti-10-dokazi-deka-japonija-e-najunikatnata-drzhava-vo-svetot-10.jpg

Постојат ресторани за конзервирана храна

Во оваа држава ќе најдете буквално секакви ресторани, па дури и ресторан за конзервирана храна од целиот свет. Во овие ресторани има над 300 видови конзервирана храна, вклучувајќи и компири, ориз, па дури и омлет, а нема готвач, келнери или кујна.

restorani-za-konzervirana-hrana-drzhachi-za-bebinja-vo-javni-toaleti-10-dokazi-deka-japonija-e-najunikatnata-drzhava-vo-svetot-11.jpg

Се продаваат повеќе пелени за возрасни отколку за бебиња

Како што напоменавме, скоро третина од населението во Јапонија е постаро од 65 години. Од друга страна, наталитетот во државата е на ниско ниво. Поради ова, овде повеќе се продаваат пелени за возрасни, отколку за деца.

restorani-za-konzervirana-hrana-drzhachi-za-bebinja-vo-javni-toaleti-10-dokazi-deka-japonija-e-najunikatnata-drzhava-vo-svetot-12.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Имаше проблеми со зависност, ќерка ѝ почина веднаш по породувањето: Факти за Хуанита од „Очајни дома... „Имаше луѓе кои пишуваа коментари дека посакувале да умрам поради начинот на кој...
Се запишале на факултет со лажен идентитет: Што знаеме за ќерките на Владимир Путин? Владимир Путин има две ќерки од првиот брак. Нивните имиња ѝ се познати на јавно...
Аину народот и нивната традиција: Мажите не се бричат, девојките се тетовираат пред да се омажат Поради изгледот биле дискриминирни од Јапонците. Пред да се омажат, девојките ст...
Не се сексуални работнички, тренираат напорно: Факти за јапонските гејши Пред да станат гејши жените имаат многу тешки тренинзи, учат да танцуваат со леп...
10 цитати за сите вљубеници во Италија „Се гушам ако еднаш годишно не дишам италијански воздух“… Се чувствувате ли и ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg