Ресторани за конзервирана храна, „држачи“ за бебиња во јавни тоалети – 11 докази дека Јапонија е најуникатната држава во светот
Од конзоли за играње во јавните тоалети, па сè до ресторани во кои можете да порачате само конзервирана храна, во Јапонија навистина можете да видите работи за кои не би ни помислиле дека постојат.
Никогаш нема да престанеме да се восхитуваме на начинот на живот на Јапонците. Тамошните луѓе секогаш ги земаат предвид другите, сите се грижат за хигиената во градовите и се чини дека имаат уреди и направи кои решаваат проблеми кои не сме ни биле свесни дека постојат.
Јапонија е дефинитивно најуникатната држава во светот, а следниве факти одлично го покажуваат тоа:
Во многу јавни тоалети има „држачи“ за бебиња
Во голем број јавни тоалети во Јапонија се инсталирани „држачи“ за бебиња, односно мали столчиња со преграда, каде што можете да го оставите вашето малечко на безбедно.
Јапонија е една од најчистите држави во светот
Секој странец што ја посетил Јапонија не останал рамнодушен на чистотата на улиците и јавните површини. Кај Јапонците, високото ниво на хигиена е дел од нивниот животен стил, а секој жител се залага за тоа – скоро сите рециклираат, никој не фрла отпад по улиците, а децата уште од најрана возраст ја учат важноста на хигиената.
Јавните тоалети имаат дигитална мапа која ги покажува слободните кабини
Во скоро сите јавни тоалети во Јапонија ќе ве пречека дигитална мапа на која се гледа кои кабини се слободни, а кои зафатени. Неретко на мапите е прикажано и дали во кабината има тоалетна школка или писоар.
Покрај банкоматите има држач за чаши и бастуни
Во Јапонија речиси третина од населението е постаро од 65 години, па тамошните власти навистина се грижат за потребите на повозрасните луѓе. Па така, покрај некои банкомати има држач за бастун, но и за чаша.
Нема турканици кога луѓето чекаат ред за нешто
Во повеќето држави, чекањето во ред може да биде вистински хаос – луѓето се нетрпеливи, се обидуваат да ви го „украдат“ редот и што уште не. Но, ова не постои во Јапонија. Секојпат кога чекаат ред, без разлика колку долго, Јапонците се трпеливи и културни, не се расправаат и ги почитуваат правилата одамна пред короната.