Тајно го славела крајот на војната, ѝ се скршила круната на свадба – Забавни факти за кралицата Елизабета
Од сите монархии во светот, британското кралско семејство е најпознатото. Дури и да не следите што се случува, сигурно знаете по нешто за секој од членовите.
Но, дури и ако мислите дека знаете сè за нив, сигурно има некој факт што не сте го слушнале досега.
Иако на сите ни се познати многу детали од животот на кралицата Елизабета, веројатно не сте слушнале барем дел од следниве:
Никогаш не одела на училиште
Елизабета никогаш не одела на училиште како нејзините синови и внуци, но тоа не значи дека не учела ништо. Таа, заедно со нејзината сестра Маргарет, имала приватен тутор кој ѝ држел часови дома.
Со сестра ѝ тајно се забавувале на лондонските улици
Елизабета и Маргарет добиле дозвола од родителите да го прослават крајот на Втората светска војна на улиците во Лондон, а наводно никој не бил свесен дека на прославата присуствуваат и тие. Големата прослава се случила на 8-ми мај 1945 година, а кралицата има изјавено дека тоа била една од најзабавните ноќи во нејзиниот живот:
„Се сеќавам дека многу непознати луѓе се држеа за рака и одеа по улиците, а сите бевме обземени од чувството на среќа и слобода“.
За овој настан е снимен и филм – A Royal Night Out.
Ѝ се скршила круната на свадбата
Кратко пред да почне венчавката на Филип и Елизабета, на кралицата ѝ се скршила круната. За среќа, кралскиот златар веднаш ја поправил штетата.
Британија имала 15 различни премиери во текот на нејзиното владеење
Кога ќе се земе предвид колку долго Елизабета седи на кралскиот трон, ова и не е некое изненадување.
Патувала барем 260 пати во текот на нејзиното владеење
Откако стана кралица, Елизабета била на над 260 патувања во други држави. Истовремено, таа е дефинитивно најактивниот член од кралското семејство. Само во 2015-та, Елизабета извршила 341 кралска должност – повеќе од збирот на должностите на Хари, Вилијам и Кејт од истата година.
Иако е многу богата, не е најбогатата личност во Британија
Кралицата добива пари од данокот што го плаќаат Британците, како и од многуте имоти што ги поседува. Во 2019-та, според Forbes, кралицата имала околу 500 милиони долари. Но, најбогатиот човек во Англија – Џејмс Редклиф – „тежи“ неколку милијарди.