Тајно го славела крајот на војната, ѝ се скршила круната на свадба – Забавни факти за кралицата Елизабета
Не мора, но сепак плаќа даноци
Кралицата не е должна да ѝ плаќа данок на државата, но наводно чувствувала потреба да го прави тоа. Па, од 1993 година, таа редовно плаќа данок како и секој „обичен“ жител.
Испрати порака до Месечината
Пред слетувањето на Месечината во 1969, многу светски лидери добиле понуда да напишат порака која ќе биде испратена на Месечината. Кралицата ја прифатила понудата, па денес и нејзината порака се наоѓа на силиконски диск на нашиот природен сателит:
„Во името на Британците, ги поздравувам вештината и храброста кои го однесоа човекот на Месечината. Нека овој подвиг ги зголеми знаењето и благосостојбата на човештвото“.
Го користи истиот, евтин лак за нокти од 1989
Уште од 1989 кралицата користи светло розов лак за нокти од брендот Essie, кој чини околу 9 долари. Според брендот, кралицата не ни помислувала да проба друга нијанса.
Има одлична смисла за хумор
Иако обично ја гледаме во сериозно издание, оние кои се блиски до кралицата велат дека има одлична смисла за хумор. Истовремено, многу добро ѝ одело имитирањето. Еден свештеник кој ѝ е добар пријател има изјавено:
„Најсмешното нешто што сум го видел е како кралицата го имитира звукот на авион кој слетува“.
Се шегувала на сметка на туристи кои не ја препознале
Уште еден доказ за забавната страна на кралицата – нејзин поранешен телохранител откри дека група туристи кои го посетувале имотот Балморал не ја препознале кралицата бидејќи носела марама на главата.
Тие ја прашале дали ја има запознаено кралицата, на што Елизабета одговорила „Не“. Потоа покажала кон полицаец кој стоел до неа и им рекла: „Но тој ја познава“.
Има луксузен стан во Њујорк
Во 2015 година Елизабета купи луксузен стан во Њујорк по цена од околу 8 милиони долари. Зградата во којашто се наоѓа станот е направена од британски архитект кого кралицата го има прогласено за витез.
Не користи презиме, а се потпишува како Елизабета Р. (Elizabeth R.)
Кралицата не го користи нејзиното презиме, а за потпис го користи името Елизабета Р. Буквата „р“ всушност го означува латинскиот збор „regina“, кој значи кралица.
Спирова С. | Црнобело