Зошто тенисерите викаат и уште 7 забавни факти за популарните спортови
Знаевте ли дека кога мораат да одат во тоалет за време на трка, но немаат можност да застанат, велосипедистите уринираат додека го возат велосипедот?
Поголемиот дел од луѓето ширум светот ги сакаат спортовите, а голем број од нив и самите спортуваат. Но ако не сте многу заинтересирани за некоја спортска дисциплина, сигурно има многу интересни работи што не ги знаете.
Во продолжение можете да погледнете забавни факти за популарните спортови, што сигурно не сте ги знаеле:
Тенисерите викаат со причина
Ако сте изгледале барем еден тениски натпревар, сигурно сте се запрашале зошто тенисерите викаат кога го удираат топчето. Можеби нам ни звучи чудно, но ова викање им помага на тенисерите да го следат ритамот на играта, но и да го удрат топчето посилно.
Обично тие го удираат топчето додека издишуваат, а кога викаат го удираат посилно.
Според некои експерти, викањето може и да им ја зголеми самодовербата на играчите, но и да го „заплаши“ нивниот противник.
Фудбалерите носат специјален градник
Некогаш фудбалерите носат парче облека кое наликува на женски градник, но со сосема поразлична намена. Во овие градници има уреди кои го следат пулсот на фудбалерите, нивната положба на теренот и слично.
Зошто атлетичарите имаат обоени ленти на нивното тело?
Знаеме дека спортистите одат до екстреми кога тренираат, а овој огромен напор на телото може да предизвика болка и повреди.
Лентите што веројатно ги имате забележано кај некои спортисти служат како поддршка и им помагаат да го намалат ризикот од негативните последици, како повреди.
Тајната на совршената шминка на синхронизираните пливачи
Сигурно сте забележале дека шминката на синхронизираните пливачи воопшто не се размачкува, без разлика што тие се во вода.
За да го спречат размачкувањето, мејкап артистите обично ја мешаат шминката со вазелин или посебен фиксатор, со тоа правејќи ја водоотпорна.
Велосипедистите ретко одат во тоалет за време на трка
Професионалните велосипедисти возат и над 100 километри во една трка, што значи поминуваат неколку часови на нивните велосипеди. А, јасно е дека ако застанат да направат пауза за тоалет, другите велосипедисти ќе ги поминат.
Најчесто тие ги користат моментите кога тркачките не се движат многу брзо – тогаш имаат време да застанат ако им се оди во тоалет и да се вратат во трката без да бидат многу зад другите.
Но, имаат и малку бизарен трик за вакви ситуации. Во поретки случаи, кога не можат да се воздржат, а немаат ни можност да застанат, добиваат помош од другите велосипедисти за да уринираат без воопшто да се симнат од велосипедот.
Гимнастичарите речиси секогаш се натпреваруваат боси
Ако станува збор за ритмичка гимнастика, обично гимнастичарите носат специјални обувки кои го спречуваат триењето на стапалата од подот. Сепак, кога треба да изведуваат покомплицираните трикови, како оние на греда, секогаш се боси. Причината е тоа што на овој начин се многу постабилни.
Пливачите носат по две капи за пливање
Речиси сите професионални пливачи носат две капи кога се натпреваруваат и имаат добра причина за тоа.
Најпрво тие ја собираат косата во првата капа, потоа ги ставаат очилата за нуркање, а на крај ги прицврстуваат со втора капа. На овој начин не мора да се грижат дали очилата ќе се изместат за време на пливањето.
Зошто баскетот е портокалов?
На почетокот баскетите се изработувале од кожа и имале кафеава нијанса, но во 1950-ите почнале да ги прават портокалови. Бидејќи портокаловата боја е многу лесна за забележување, на кошаркарите им е многу полесно да ја следат топката.
Спирова С. | Црнобело